Која е твојата „причина за задоволство“?
1. Каква причина за задоволство имаме на крајот од секој месец?
1 На крајот од месецот, кога сите сме замолени да го предадеме својот извештај од службата на проповедање, која е твојата „причина за задоволство“? (Гал. 6:4). Сеедно дали сме специјални пионери и поминуваме 130 часови во служба или објавители одобрени да известуваат служба во интервали од 15 минути, сите треба да сме задоволни кога му служиме на Јехова со сета душа (Пс. 100:2).
2. Зошто треба да се напрегаме во службата за Јехова?
2 Како Севишен Владетел, Јехова заслужува да му го дадеме најдоброто што го имаме (Мал. 1:6). Од љубов кон него, му ветивме дека најважно во животот ќе ни биде да ја вршиме неговата волја. Па така, на крајот од денот или на крајот од месецот, ако сме сигурни дека сме ги дале „првините“ од нашето време, таленти и сила во службата за Јехова, ќе имаме причина за задоволство во себе (Изр. 3:9). Но, ако совеста ни кажува дека сме можеле и подобро, тогаш треба да размислиме како да се поправиме (Рим. 2:15).
3. Зошто не е мудро да се споредуваме со другите?
3 „Не споредувајќи се со други“: Не е мудро да се споредуваме со другите или со самите себе кога сме имале повеќе сила. Околностите се менуваат. Секој има различни способности. Споредувањето може да создаде натпреварувачки дух или чувство на безвредност (Гал. 5:26; 6:4). Исус не ги споредувал луѓето едни со други. Тој ги пофалувал за она што го правеле во склад со своите способности (Мар. 14:6-9).
4. Кои вредни поуки ги добиваме од споредбата за талантите што ја кажал Исус?
4 Во споредбата за талантите што ја кажал Исус, секој работник бил платен „според неговата способност“ (Мат. 25:15). Кога господарот се вратил и побарал да му дадат отчет, оние кои вредно работеле во склад со своите способности и околности биле пофалени и се радувале со својот господар (Мат. 25:21, 23). Ако и ние останеме зафатени во проповедањето за Царството, можеме да бидеме сигурни дека Бог нѐ одобрува и ќе имаме причина за задоволство!