Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во август
„Многу луѓе денес си го замислуваат Исус онаков каков што бил пред 2.000 години — или како бебе во јасли или како човек прикован на маченички столб. Но, што мислите Вие, што прави Исус сега? [Почекај да одговори.] Видете што вели тука.“ Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 август и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов на 16. страница и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, договори се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 август
„Многу луѓе веруваат во чуда. Други се сомневаат во нив. Мислите ли дека навистина се случуваат чуда? [Почекај да одговори.] Ова ветување за едно чудо што ќе се случи во иднина им дало надеж на многу луѓе. [Прочитај еден од стиховите на страници 9-10.] Ова списание дава одговор на три чести приговори во врска со чудата.“
Разбудете се! Август
„Денес, многу луѓе се плашат да излезат надвор, посебно ноќе. Мислите ли дека може да се стори нешто за светот да не биде толку насилен? [Почекај да одговори.] Во ова списание се зборува за тоа што може да направи секој од нас за да имаме добри односи со другите. Зборува и за тоа како ќе се исполни ова охрабрувачко пророштво.“ Прочитај Псалм 72:7.