ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/12 стр. 1
  • Чувај си ја совеста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чувај си ја совеста
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Сличен материјал
  • Како да задржиш чиста совест?
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Задржи чиста совест пред Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Дали совеста ти е добро изострена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали совеста ти дава исправно водство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 8/12 стр. 1

Чувај си ја совеста

1. Која е темата на посебниот собир за 2013 службена година, и која е целта на програмата?

1 Секој ден се соочуваме со ситуации што може да нѐ наведат да си ја погазиме совеста. Од таа причина, темата на посебниот собир за 2013 службена година, која почнува од 1 септември 2012 год., ќе биде „Чувај си ја совеста“ (1. Тим. 1:19). Целта на програмата е да ни помогне на сите нас длабоко да се преиспитаме како го користиме овој дар од нашиот Творец.

2. Кои важни прашања ќе бидат одговорени во текот на програмата?

2 Најди го одговорот на следниве прашања: Програмата ќе даде одговор на седум главни прашања во врска со нашата совест:

• Што е опасно за совеста?

• Како да ја изостриме нашата совест?

• Како да бидеме чисти од крвта на сите луѓе?

• Кога размислуваме и постапуваме во склад со библиските начела, што открива тоа за нас?

• Како да не им ја повредиме совеста на другите?

• Млади, како да не попуштите пред притисокот да направите компромис?

• Какви благослови добиваат оние што ја следат својата совест водена од духот?

3. Како може да ни користи програмата?

3 Со помош од Јехова можеме да ги издржиме обидите на Сатана да ја расипе нашата совест. Преку Божјата Реч и организација, нашиот небесен Татко ни вели: „Тоа е патот, одете по него“ (Иса. 30:21). Оваа програма е еден начин на кој Јехова нѐ води. Затоа, погрижи се да бидеш присутен на целата програма. Внимателно слушај и размислувај како можеш лично да ги примениш информациите. Разговарајте за програмата како семејство. Ако ги применуваме упатствата што ги добиваме, тоа ќе нѐ зајакне ‚да зачуваме чиста совест‘ и ќе ни помогне да не нѐ одвлечат моменталните задоволства што ги нуди Сатановиот свет (1. Пет. 3:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели