ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/13 стр. 3
  • „Сите браќа сакајте ги“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Сите браќа сакајте ги“
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Благослови го нашето христијанско братство
    Пејте му фалби на Јехова
  • Единството на Божјиот народ
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Сега се поставува темелот за новиот свет
    Дали Бог се грижи за нас?
  • Колку е далекосежна твојата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 1/13 стр. 3

„Сите браќа сакајте ги“

Зборовите од насловот биле напишани под водство на светиот дух пред речиси две илјади години (1. Пет. 2:17). Но, денес треба да ги применуваме повеќе од кога и да е порано! Како можеме да сакаме нешто толку огромно, како што е светското братство? И како во овој свет без љубов можеме да бидеме сигурни дека нашата љубов нема никогаш да олади? (Мат. 24:12). Додека го гледаш филмот Наша цела заједница браће (на српски), пробај да ги најдеш одговорите на наведените прашања.

1) Кога секој од нас официјално стана дел од нашето христијанско братство? 2) Кои три активности се заеднички за сите во нашето меѓународно братство? 3) Како нашите браќа покажуваат решеност да проповедаат а) во зафрлените делови на Алјаска, б) на големите пристаништа во Европа и в) во густите шуми во Перу? 4) Зошто никогаш не треба да мислиме дека проповедањето не е ништо посебно? 5) Наведи примери за тоа како Јеховините сведоци си пружаат утеха и поддршка а) по земјотрес, б) по ураган и в) кога има граѓанска војна. 6) На кои практични начини можеме сите да го покажуваме знакот што е обележје на нашето христијанско братство? (Јован 13:35). 7) Какви добри резултати произлегуваат кога соработуваме додека градиме Сали на Царството? 8) Што им помогна на нашите браќа во Источна Европа и Русија да останат духовно јаки додека делото беше забрането? 9) Какви напори вложуваат голем број Сведоци за да присуствуваат на конгресите, и зошто? 10) Како овој филм ти помогна да бидеш уште порешен а) да го славиш Јехова на христијанските состаноци заедно со твоите браќа, б) да им помагаш на другите во време на неволја и в) верно да проповедаш секаде и секогаш кога можеш? 11) Како и кога можеме да го користиме овој филм во службата?

Главната причина зошто сме дел од нашето христијанско братство е љубовта кон Јехова. Затоа, сакаме да учиме за него и да им кажуваме на другите за него. А ги сакаме и луѓето кои Јехова ги сака. Кога им помагаме во време на неволја, не очекуваме Бог да ни се заблагодари за тоа. Напротив, ние сме му благодарни нему затоа што нашето христијанско братство го сметаме за скапоцен дар од него. Како што се ближи крајот на овој свет без љубов, да продолжиме да ги сакаме сите браќа!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели