Како да ја користиме Кој ја врши Јеховината волја денес?
Нова брошура што треба да ги запознае интересентите со организацијата
1. Која е целта на брошурата Јеховината волја?
1 Почна ли да ја користиш новата брошура Кој ја врши Јеховината волја денес? Нејзината цел е 1) да ги запознае интересентите со Јеховиниот народ, 2) да им помогне да дознаат нешто повеќе за нашите активности и 3) да им покаже како функционира нашата организација. Во брошурата Јеховината волја има лекции од по една страница кои лесно можат да се обработат за пет до десет минути на крајот од студијата.
2. Опиши како изгледа брошурата и што содржи.
2 Како изгледа брошурата: Брошурата е поделена на три дела. Во секој е разгледан различен аспект на Јеховината организација, како што беше спомнато погоре. Насловот на секоја од 28-те лекции е напишан во вид на прашање, а поднасловите со масни букви даваат одговор на тоа прашање. Низ целата брошура има фотографии од над 50 земји за да се види меѓународниот обем на нашето дело. Во повеќето лекции има рамки со наслов „Дознај повеќе“, во кои има предлози за работи на кои би можел да го поттикнеш интересентот.
3. Како можеме да ја користиме брошурата Јеховината волја?
3 Како да ја користиш: Почни така што ќе го покажеш прашањето кое воедно е и наслов на лекцијата. Потоа, додека заедно ја читате, истакни ги поднасловите со масни букви. На крајот, разгледајте ги прашањата за повторување најдолу на страницата. Можете да ја прочитате целата лекција одеднаш или да читате и да дискутирате дел по дел. Процени кои од наведените стихови да ги прочитате. Не заборавај да ги разгледате сликите и рамките „Дознај повеќе“. Обично, лекциите треба да се разгледуваат по ред. Меѓутоа, можеш слободно да одиш на некоја лекција понапред доколку во неа се зборува за нешто што е поактуелно. На пример, ако наскоро има собир или конгрес, можеш веднаш да одиш на лекција 11.
4. Зошто си радосен што ја имаме оваа нова брошура?
4 Кога ја проучуваме Библијата со некого, му помагаме да го запознае нашиот небесен Татко. Но, мораме да го поучиме и за Јеховината организација (Изр. 6:20). Многу сме радосни што со оваа нова брошура тоа можеме да го правиме на едноставен начин!