Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во мај
„Една работа ни е заедничка на сите — сите грешиме. Сте размислувале ли некогаш дали Бог може да прости дури и големи гревови?“ [Почекај да одговори.] Покажи му ја статијата на 15. страница од Стражарска кула од 1 мај и разгледајте го заедно текстот под првото прашање и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 мај
„Би сакале да чуеме што мислите за овие зборови. [Прочитај 1. Јованово 4:8.] Мнозина се согласуваат со ова, но други мислат дека Бог е суров штом предизвикува или барем дозволува да се случуваат природни катастрофи. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Во ова списание ќе прочитате зошто е погрешно мислењето дека Бог е суров.“
Разбудете се! мај
„Зборуваме со луѓето за еден вознемирувачки проблем — криминалот. Некои мислат дека решение за овој проблем е да има повеќе полиција. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Библијата ветува дека еден ден ќе му дојде крај на криминалот. [Прочитај Псалм 37:10, 11.] Во ова списание се зборува за тоа ветување и дадени се практични предлози како да се заштитиме од криминал.“