ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/13 стр. 1
  • Зошто проповедаме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто проповедаме?
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Што значи да го сакаме својот ближен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Сакај го својот ближен како себеси“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Колку е далекосежна твојата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали ‚го сакаш својот ближен како себеси‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 5/13 стр. 1

Зошто проповедаме?

1. Што нѐ мотивира да проповедаме?

1 Проповедањето на добрата вест за Божјето Царство е најважното дело кое се врши денес. Всушност, со тоа што проповедаме покажуваме дека сме послушни на двете најголеми заповеди — да го сакаме Јехова и да ги сакаме ближните (Мар. 12:29-31). Љубовта е таа што нѐ мотивира ревносно да проповедаме (1. Јов. 5:3).

2. Како покажуваме дека го сакаме Јехова со тоа што проповедаме?

2 Го сакаме Јехова: Затоа што го сакаме Јехова, нашиот најдобар пријател, секогаш сме спремни да зборуваме во негова одбрана. Веќе околу 6.000 години, Сатана кажува лаги за Јехова (2. Кор. 4:3, 4). Поради тоа, луѓето веруваат дека Бог ги мачи грешниците во пекол, дека е дел од некое мистериозно тројство и дека не му е грижа за луѓето. Многумина дури сметаат дека тој не постои. Затоа, имаме голема желба да им ја кажеме на другите вистината за нашиот небесен Татко. Со тоа што даваме сѐ од себе во службата го радуваме Јехова, а му задаваме голем удар на Сатана (Изр. 27:11; Евр. 13:15, 16).

3. Како покажуваме дека ги сакаме другите со тоа што проповедаме?

3 Ги сакаме ближните: Секојпат кога им сведочиме на другите, покажуваме дека ги сакаме. Во овие особено тешки времиња луѓето имаат голема потреба да ја слушнат добрата вест. Мнозина се како Ниневијците во времето на Јона кои ‚не знаеле што е десно, а што лево‘ (Јона 4:11). Добрата вест им помага на луѓето да имаат среќен и исполнет живот (Иса. 48:17-19). Таа им влева надеж (Рим. 15:4). Ако се спремни да ја слушнат и да живеат во склад со неа, ‚ќе бидат спасени‘ (Рим. 10:13, 14).

4. Што нема никогаш Јехова да заборави?

4 Децата што си ги сакаат своите родители ја покажуваат својата љубов кон нив во секое време, а не само во одредени ситуации. Слично на тоа, силната љубов кон Јехова и кон луѓето ќе нѐ поттикне да сведочиме во секоја прилика, а не само тогаш кога сме планирале да одиме во служба. Ќе проповедаме без престан (Дела 5:42). Јехова никогаш нема да ја заборави таквата љубов што ја покажуваме (Евр. 6:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели