Како пример нека ви послужат пророците — Јоил
1. Како можеме да покажеме понизност како Јоил додека проповедаме?
1 Кој бил пророкот Јоил? Тој за себе открива само дека е „синот на Фатуил“ (Јоил 1:1). Овој понизен пророк го ставал акцентот на Јеховината порака, а не на тоа колку важна улога има тој како пророк. Слично на тоа, во нашата служба, наместо да бараме признание или слава за себе, вниманието го насочуваме на Јехова и на Библијата (1. Кор. 9:16; 2. Кор. 3:5). Освен тоа, пораката што ја носиме и нас нѐ исполнува со сила. Кои аспекти од пророштвото на Јоил можат денес да ни влеат ревност и надеж?
2. На што треба да нѐ мотивира тоа што Јеховиниот ден е толку близу?
2 „Денот Јеховин е близу“ (Јоил 1:15).: Иако овие зборови биле напишани пред илјадници години, сега живееме во времето на нивното конечно исполнување. Сѐ полошите услови во светот и незаинтересираноста и потсмевот со кои се соочуваме кога сведочиме се јасен доказ дека живееме во последните денови на овој злобен свет (2. Тим. 3:1-5; 2. Пет. 3:3, 4). Кога размислуваме колку близу е крајот, имаме многу јака причина службата да ја ставиме на прво место во животот (2. Пет. 3:11, 12).
3. Зошто службата на проповедање е особено важна сега додека се приближува големата неволја?
3 „Јехова ќе биде прибежиште за својот народ“ (Јоил 3:16).: Тресењето опишано во овој стих може да се однесува само на осудата што Јехова ќе ја изврши во големата неволја. За нас е утеха тоа што знаеме дека тогаш Јехова ќе ги избави своите верни слуги (Отк. 7:9, 14). Кога проповедаме и чувствуваме како Јехова ни дава поткрепа и сила, растат нашата вера и истрајност кои ќе ни помогнат во текот на големата неволја.
4. Зошто можеме да бидеме радосни и со доверба да ја чекаме иднината?
4 Иако некои ја опишуваат пораката на Јоил како мрачна, таа му влева на Божјиот народ прекрасна надеж за избавување (Јоил 2:32). Затоа, со доверба да ја чекаме иднината и ревносно да ја објавуваме добрата вест за Божјето Царство следејќи ги зборовите од Јоил 2:23: „Веселете се и радувајте му се на Јехова, вашиот Бог“.