Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во февруари
„Луѓето имаат различно мислење за Библијата. За некои таа е книга од Бог, а за други само една обична книга. Што мислите Вие?“ Почекај да одговори. Покажи му ја статијата на последната страница од Стражарска кула од 1 февруари и разгледајте го заедно текстот под првото прашање и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 февруари
„Повеќето луѓе сакаат војните да престанат. Што мислите, дали е можно да завладее мир во целиот свет? [Почекај да одговори.] Сакам да Ви покажам едно ветување од Библијата. [Прочитај Псалм 46:9.] Настаните што се случиле за време на Првата светска војна и по неа нѐ уверуваат дека многу скоро Бог ќе го исполни ова ветување и ќе им стави крај на војните. Во ова списание пишува нешто повеќе за тоа.“
Разбудете се! февруари
„Разговараме со луѓето за еден проблем што сите го имаме. Никогаш не ни стигнува време да завршиме сѐ што сакаме. Што мислите, дали ни фали време затоа што имаме премногу обврски или затоа што го трошиме на неважни работи? [Почекај да одговори.] Многумина не знаат дека во Библијата се запишани практични совети за тоа како мудро да го користиме нашето време. Еве еден таков совет. [Прочитај Филипјаните 1:10а.] Во ова списание има четири предлози кои им помогнале на многу луѓе.“