Предлози
Стражарска кула 1 јануари
„Изгледа дека владите отсекогаш биле корумпирани. Што мислите, зошто е така? [Почекај да одговори.] Библијата кажува нешто многу интересно. [Прочитај Проповедник 7:20.] Во ова списание ќе прочитате какво решение дава Библијата за корупцијата. Повелете, ова е за Вас.“
Разбудете се! Јануари
„Многу луѓе веруваат дека животот настанал по пат на еволуција, но други не се согласуваат со тоа. Што мислите Вие, како настанал животот? [Почекај да одговори.] Долгогодишните истражувања покажуваат дека живот може да произлезе само од нешто што е веќе живо. Тоа е во склад со една едноставна изјава што се наоѓа во Библијата. [Прочитај Псалм 36:9.] Во ова списание ќе прочитате зошто многу луѓе дошле до заклучок дека животот е премногу сложен и чудесен за да биде резултат на еволуција.“