Предлози
Стражарска кула 1 мај
„Кога би можеле да решите еден проблем во светот, кој би бил тој? [Почекај да одговори.] Во Библијата пишува дека наскоро Бог ќе го реши не само тој туку и многу други проблеми. [Прочитај некој соодветен стих, како на пример: Даниел 2:44; Изреки 2:21, 22; Псалм 46:9 или Откровение 21:4.] Во ова списание ќе прочитате кога и како Бог ќе направи вакви убави промени на Земјата.“
Разбудете се! Мај
„Што мислите, дали ќе дојде ден кога секој човек ќе има свој дом и никој нема да биде сиромашен? [Почекај да одговори.] Видете што ни ветува Бог. [Прочитај Исаија 65:21-23.] Ова списание зборува за тоа како Бог ќе ги исполни своите ветувања и како можеме и ние да го доживееме тоа.“