ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕСТИРА 1-5
Естира се зазела за Божјиот народ
Естира покажала извонредна вера и храброст бранејќи го својот народ
Ако некој дошол неповикан кај царот, можело да биде погубен. Естира не била повикана кај царот 30 дена.
Цар Ахасвер, за кој се смета дека бил Ксеркс I, бил насилен човек. Еднаш наредил некој човек да биде пресечен на половина и да биде изложен како предупредување за другите. Исто така, се разгневил кога царицата Астина одбила да го послуша, и ја тргнал од престолот.
Естира морала да открие дека е Еврејка и да го убеди царот дека бил изманипулиран од својот советник во кого имал доверба.