ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb16 Ноември стр. 3
  • Како Библијата ја опишува добрата жена

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како Библијата ја опишува добрата жена
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Сличен материјал
  • Мудар мајчински совет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Мажот нејзин го познаваат на градските порти“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • „Глава на жената е мажот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
mwb16 Ноември стр. 3

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИЗРЕКИ 27-31

Како Библијата ја опишува добрата жена

Во 31. поглавје од книгата Изреки се запишани важните поуки што ги добил цар Лемуил од неговата мајка. Таа му дала опис за добра жена.

Достојна за доверба

Една жена од библиско време го послужува своето семејство со храна

31:10-12

  • Кога треба да се донесе одлука поврзана со семејството, добрата жена дава мудри предлози, но сепак останува подложна

  • Нејзиниот сопруг ѝ дозволува да донесува некои одлуки бидејќи има доверба во неа, и не очекува таа да бара дозвола од него за сѐ што сака да направи

Трудољубива

Една жена од библиско време меле жито

31:13-27

  • Се труди да биде скромна и штедлива бидејќи ѝ е важно членовите на нејзиното семејство да изгледаат убаво и пристојно, и добро да се хранат

  • Напорно работи и се грижи за својот дом, дење и ноќе

Духовна личност

Жена се моли

31:30

  • Таа се плаши од Бог и има личен однос со него

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

Во библиски времиња црвениот корал имал висока цена и бил скапоцен. Тој бил редок и тешко можело да се дојде до него. Можел да се најде во Средоземното и Црвеното Море и во тоа време служел како важна трговска стока.

Црвен корал

Во Библијата црвениот корал се смета за исто толку вреден како златото, среброто и сафирот.

Според Божјата Реч, добрата жена „вреди многу повеќе од корали“ (Из 31:10, фус.).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели