Дел од книгата Исаија од свитоците од Мртвото Море над еден современ превод на книгата Исаија на арапски јазик. Пораката од Божјата Реч останала непроменета
Дали Божјата пишана Реч била изменета?
Некои луѓе се прашуваат дали Божјата пишана Реч била изменета. Пророкот Исаија рекол дека Божјата Реч „останува довека“ (Исаија 40:8). Зошто може да бидеме сигурни дека таа останала непроменета?
Бог има моќ да ја зачува својата Реч и да спречи таа да биде променета. Во древни времиња, кога рачно се препишувале светите списи, препишувачите внимателно ја броеле секоја буква од текстот за да бидат сигурни дека ништо не додале, промениле или испуштиле. Сепак, бидејќи луѓето се несовршени, некои препишувачи направиле мали грешки. Но тие грешки немале влијание врз смислата на текстот.
ЗОШТО МОЖЕ ДА БИДЕМЕ СИГУРНИ ДЕКА СВЕТОТО ПИСМО ШТО ГО ИМАМЕ ДЕНЕС ЈА СОДРЖИ БОЖЈАТА ПОРАКА?
Постојат илјадници примероци од древните ракописи на Светото писмо. Ако во еден примерок се забележи дури и најмала разлика, тој може да се спореди со други примероци за да се види каде е направена грешка. За повеќе информации, види ја статијата „Дали Библијата била изменета?“ на jw.org.
На пример, размисли за древните ракописи наречени Свитоците од Мртвото Море кои биле откриени од некои бедуини во пештери во близина на Мртвото Море во 1947 год. Овие древни записи, кои содржат делови од Светото писмо, се стари повеќе од 2.000 години. Стручњаците ги споредиле овие древни ракописи со Светото писмо што го имаме денес. До какви заклучоци дошле?
Изучувачите откриле дека денешниот текст во Божјата Реч е ист со текстот во изворните списи.a Ова потврдува дека она што денес го читаме во Светото писмо е Божјата порака. Можеме да бидеме уверени дека Бог се погрижил неговата порака во Светото писмо да остане непроменета до ден-денес.
Според тоа, можеме да имаме потполна доверба дека она што го читаме во Божјата Реч е точно и веродостојно. Имајќи го ова на ум, да разгледаме што ни откриле пророците во врска со Бог.
a The Complete Dead Sea Scrolls in English од Геза Вермес, страница 16.