ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
И ти можеш да ги охрабриш неактивните
Секоја година, на Спомен-свеченоста доаѓаат многу неактивни браќа и сестри. Тие ја почнале трката за живот, но подоцна забавиле од разноразни причини. За некои од овие причини се зборува во брошурата Врати се кај Јехова (Ев 12:1). Неактивните христијани сѐ уште се скапоцени за Јехова, кој ги откупил со крвта на својот Син (Де 20:28; 1Пе 1:18, 19). Како да им помогнеме да се вратат во собранието?
Старешините се трудат да ги најдат и да им помогнат на неактивните христијани, исто како што еден пастир внимателно ги бара овците што залутале од стадото (Лк 15:4-7). Тоа е одраз на Јеховината љубов и грижа (Ере 23:3, 4). Но, секој од нас може да ги охрабри неактивните, а не само старешините. Кога сме љубезни и сочувствителни кон нив, го радуваме Јехова, а тоа може да даде и добри резултати (Из 19:17; Де 20:35). Затоа, размислувај кого би можел да го охрабриш и не одложувај!
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ОХРАБРИ ГИ НЕАКТИВНИТЕ, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Што направи Аби кога сретна една сестра што не ја познаваше?
Зошто треба да разговараме со старешините ако сакаме да му помогнеме на некој неактивен?
Како Аби се подготви пред да оди кај Лора по втор пат?
Како Аби покажа упорност, стрпливост и љубов додека се трудеше да ја охрабри Лора?
Што учиме од споредбата на Исус во Лука 15:8-10?
Кој беше благословот откако сите се потрудија да ѝ помогнат на Лора?