ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕРЕМИЈА 44-48
Не барај големи работи за себе
Варух веројатно бил образован дворјанин на царскиот двор. Иако му служел на Јехова и му помагал на Еремија, еден период изгубил од вид што е најважно. Тој почнал да бара „големи работи за себе“ — можеби повисока положба на царскиот двор или материјално богатство. Но, морал да го исправи својот став за да го преживее уништувањето на Ерусалим.