Проучување и длабоко размислување за Библијата
Предлог-презентации
РАЗБУДЕТЕ СЕ!
Прашање: Што мислите, дали Библијата е книга од Бог или, пак, е книга со човечки идеи?
Стих: 2Ти 3:16
Понуда: Во ова списание се наведени некои докази што покажуваат дека Библијата навистина е книга од Бог.
ПОУЧУВАЈ ЗА ВИСТИНАТА
Прашање: Како треба да гледаме на животот?
Стих: От 4:11
Вистина: Животот ни е дар од Бог, затоа го цениме. Внимаваме на својата лична безбедност и безбедноста на другите. Никогаш не би одзеле нечиј живот. За нас животот е скапоцен.
КОЈ Е КЛУЧОТ ЗА СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО? (Т-32)
Прашање: Кој е клучот за среќно семејство? Што би рекле Вие, дали е тоа љубовта, парите или нешто друго?
Стих: Лк 11:28
Понуда: Овој трактат објаснува каква корист ќе имаат семејствата ако го применуваат она што го пишува во Светото писмо и зошто можеме да ѝ веруваме на оваа книга.
СМИСЛИ СВОЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
На темел на претходните примери, смисли своја презентација.