ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Почитувај ги татка си и мајка си“
Кога Исус бил на Земјата, ја кажал следнава заповед: „Почитувај ги татка си и мајка си“ (2Мо 20:12; Мт 15:4). Исус со право можел да го каже ова бидејќи како дете и самиот им бил послушен на родителите (Лк 2:51). А како возрасен, тој се погрижил да има кој да ја чува мајка му по неговата смрт (Јвн 19:26, 27).
И денес младите покажуваат почит кон родителите со тоа што им се послушни и внимаваат како зборуваат со нив. Всушност, заповедта да ги почитуваме своите родители никогаш нема да застари. Дури и откако тие ќе остарат, треба да продолжиме да ги почитуваме така што ќе црпиме од нивното знаење и искуство (Из 23:22). Покажуваме почит кон нашите остарени родители и со тоа што се грижиме за нив во емоционален поглед, а ако е потребно и финансиски (1Ти 5:8). Било да сме помлади или постари, уште еден важен начин на кој ќе покажеме почит кон родителите е тоа што ќе одржуваме добра комуникација со нив.
ГЛЕДАЈ ЈА ПОУЧНАТА АНИМАЦИЈА КАКО ДА ЗБОРУВАМ СО МОИТЕ РОДИТЕЛИ?, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Што би можело да ти отежнува да зборуваш со твоите родители?
Како ќе покажеш почит кон родителите кога зборуваш со нив?
Зошто вреди да се трудиш да комуницираш со родителите? (Из 15:22)
Разговорите со твоите родители може многу да ти помогнат во животот