ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЛУКА 10-11
Споредбата за милосрдниот Самарјанин
Кога еден човек го прашал Исус кој е неговиот ближен, тој му ја раскажал споредбата за милосрдниот Самарјанин (Лк 10:25-29). Исус знаел дека христијанското собрание ќе го сочинуваат „најразлични луѓе“ — вклучувајќи Самарјани и не-Евреи (Јвн 12:32). Од оваа споредба неговите ученици сфатиле дека треба да вложуваат труд за да покажуваат љубов кон другите, дури и кон оние кои можеби се многу поинакви од нив.
ПРАШАЈ СЕ:
Како гледам на браќата и сестрите кои се од друга култура?
Дали најчесто се дружам со оние со кои имам нешто заедничко?
Дали можам широко да си го отворам срцето така што подобро ќе се запознаам со браќата и сестрите кои се од различно потекло и култура? (2Ко 6:13).
Кого можам да го поканам...
да одиме заедно во служба
кај мене дома на ручек
на нашата следна Семејна вечер