ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВАН 7-8
Исус го славел својот Татко
Сѐ што кажал и направил Исус било за слава на неговиот небесен Татко. Тој сакал луѓето да знаат дека пораката што им ја пренесува е од Бог. Затоа секогаш поучувал на темел на светите списи и често цитирал од нив. Кога другите го фалеле, Исус го одвраќал вниманието од себеси и му оддавал слава на Јехова. Најважно од сѐ му било да го изврши делото што му го доверил Бог (Јвн 17:4).
Како можеме да го следиме примерот на Исус...
кога водиме библиски курс или кога држиме говор?
кога другите нѐ фалат?
кога размислуваме како да го трошиме времето?