ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 25-26
Павле рекол дека ќе се жали пред цезарот, а потоа му сведочел на царот Ирод Агрипа
Иако не треба премногу да се грижиме за тоа што ќе кажеме кога ќе бидеме изведени „пред управители и цареви“, треба да бидеме „спремни за одбрана“ пред секој што од нас ќе бара да ја образложиме нашата надеж (Мт 10:18-20; 1Пе 3:15). Ако нашите противници ни создаваат „проблеми со помош на законот“, како можеме да го следиме примерот на Павле? (Пс 94:20).
Ги користиме нашите законски права за да ја браниме добрата вест (Де 25:11).
Зборуваме со почит со лицата што имаат законски овластувања (Де 26:2, 3).
Ако е соодветно, објаснуваме како добрата вест ни користи нам и на другите (Де 26:11-20).