ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. КОРИНЌАНИТЕ 7-10
Помош при катастрофи — дел од нашата света служба
Службата што ја вршат христијаните има две главни обележја. Од една страна, Јехова ни ја доверил „службата на помирувањето“, односно нашето проповедање и поучување. Но, од друга страна, треба да им служиме и на нашите соверници (2Ко 5:18-20; 8:4). Според тоа, кога им помагаме на браќата што се погодени од катастрофа, вршиме света служба. На тој начин...
помагаме да се задоволат потребите на браќата и сестрите (2Ко 9:12а).
им помагаме на настраданите браќа повторно да се посветат на духовните активности, во што спаѓа и проповедањето како израз на нивната благодарност кон Јехова (2Ко 9:12б).
му носиме слава на Јехова (2Ко 9:13). Кога си помагаме едни на други, им даваме сведоштво на сите луѓе, вклучувајќи ги и оние што немаат добро мислење за нас како Јеховини сведоци.