ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | КОЛОШАНИТЕ 1-4
Соблечете ја старата, а облечете ја новата личност
Дали направи големи промени во твојата личност кога ја прифати вистината? Биди сигурен дека Јехова многу се радувал поради трудот што си го вложил (Езе 33:11). Меѓутоа, потребно е постојано да се напрегаме за да ги покажуваме особините на новата личност и да не дозволиме да ни се врати некоја особина од старата личност. Одговори ги следниве прашања за да видиш на кои подрачја можеш да се подобриш:
Дали држам лутина спрема некој што ме повредил?
Дали покажувам стрпливост дури и кога сум во брзање или кога сум уморен?
Ако ми се појави некоја неморална мисла, дали веднаш ја отфрлам?
Дали имам негативни чувства кон луѓе од друга раса или националност?
Дали во последно време сум зборувал нељубезно со некого или, пак, сум избувнал?