ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. СОЛУЊАНИТЕ 1-5
„Тешете се меѓусебно и изградувајте се еден со друг“
Секој христијанин може да ги храбри другите. На пример, ги охрабруваме нашите браќа и сестри кога редовно одиме на состаноците и во служба, и покрај тоа што можеби се бориме со слабо здравје или со други тешкотии (1Со 2:2). Освен тоа, ако однапред размислиме што да кажеме или ако се потрудиме да најдеме некои охрабрувачки мисли, можеме да утешиме некој наш соверник кому му е потребно охрабрување.
Каде можеш да најдеш корисни информации за тоа како да охрабриш некој што се соочува со некаков проблем?
Кого во собранието би сакал да го охрабриш?