ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Февруари стр. 3
  • Што може да научиме од нашите музички спотови?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што може да научиме од нашите музички спотови?
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Радосно да го фалиме Јехова со песна
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Теократските песни ни влеваат храброст
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Предлог за овој месец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Нови теократски песни!
    Нашата служба за Царството 2014
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Февруари стр. 3
Браќа и сестри уживаат во природа додека еден брат свири на гитара.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Што може да научиме од нашите музички спотови?

Кои од нашите музички спотови особено ти се допаѓаат? Зошто ти се омилени? Дали затоа што во нив се прикажани ситуации од секојдневниот живот? Бидејќи песните во овие спотови се со различен музички стил и обработуваат разни теми, секој може во нив да си најде нешто што му се допаѓа. Но, нашите музички спотови имаат и друга цел.

Од нив може да извлечеме поуки за нашиот живот и служба. Некои се за гостољубивост, за единство, за пријателство, за храброст, за љубов или за вера. Во други се зборува за тоа како некој може да се врати кај Јехова, како може да простуваме, да си поставуваме духовни цели и како да му бидеме верни на Бог од ден во ден. Во една песна се зборува дури и за тоа како да го користиме мобилниот телефон на урамнотежен начин. Кои други поуки си ги извлекол од нашите музички спотови?

ГЛЕДАЈ ГО МУЗИЧКИОТ СПОТ БАШ НА ПРАГОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • За кои идни благослови размислува постариот брачен пар? (1Мо 12:3).

  • Што може уште повеќе да нѐ увери дека Јехова има моќ да ги исполни своите ветувања?

  • Со кого едвај чекаме да се сретнеме во блиска иднина?

  • Како нашата надеж за Царството ни помага да ги издржиме сегашните неволји? (Ри 8:25).

ПРЕДЛОЗИ ЗА СЕМЕЈНАТА ВЕЧЕР

Гледај ги следниве музички спотови, а потоа одговори ги овие две прашања: Кои поуки можам да ги извлечам од овој спот? Како можам да ги применам во животот?

  • Биди храбар и јак

  • Благодарни за сѐ што создал Бог

  • Јас сум крај тебе

  • Ние сме семејство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели