ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 15-17
Зошто Јехова им ги сменил имињата на Аврам и Сараја?
Јехова го сметал Аврам за беспрекорен човек. Во една прилика, кога му открил уште некои детали во врска со своето ветување, Бог му дал нему и на Сараја имиња со пророчко значење.
Во склад со имињата што им ги дал Бог, Авраам навистина станал татко на многу народи, а од Сара потекнале цареви.
Авраам
Татко на мноштво
Сара
Принцеза
Немаме никакво влијание врз тоа какво име ќе ни биде дадено кога ќе се родиме. Но, исто како Авраам и Сара, можеме да си стекнеме добро име кај Јехова. Прашај се:
„Што треба да правам за Јехова и мене да ме смета за беспрекорен?“
„Какво име си стекнувам кај Јехова?“