ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 44-45
Јосиф им простил на своите браќа
Не е секогаш лесно да простуваме, особено ако некој намерно нѐ повредил. Што му помогнало на Јосиф да им прости на своите браќа иако постапиле толку лошо со него?
Тој не сакал да им се одмазди, туку се трудел да види дали се промениле бидејќи сакал да им прости (Пс 86:5; Лк 17:3, 4).
Јосиф не дозволил да го совладаат чувства на огорченост, туку покажал ист став како Јехова, кој спремно простува (Мх 7:18, 19).
Како можам и јас да простувам исто како Јехова?