ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Јули стр. 7
  • Јехова го заштитувал својот народ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова го заштитувал својот народ
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Жива вера среде трагедија
    Разбудете се! 2000
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Дали го гледаш „Невидливиот“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Јехова секогаш ги исполнува своите ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Јули стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Јехова го заштитувал својот народ

Еден Израелец и неговиот син ги попрскуваат довратниците и надвратникот на нивната куќа.

Првата Пасха била многу значајна. Таа ноќ, кога видел дека неговиот првороден син е мртов, фараонот му рекол на Мојсеј: „Станувајте, одете си од мојот народ, и вие и сите синови на Израел! Одете, служете му на Јехова, како што баравте!“ (2Мо 12:31). Јехова покажал дека го штити својот народ.

И современата историја на Божјиот народ јасно покажува дека Јехова и понатаму ги води и ги штити своите слуги. Ова е истакнато во една од изложбите во нашето главно седиште, која има наслов „Народ што го носи Јеховиното име“.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ОБИКОЛКИ НА ИЗЛОЖБИТЕ ВО ВОРВИК: „НАРОД ШТО ГО НОСИ ЈЕХОВИНОТО ИМЕ“, А ПОТОА ОДГОВОРЕТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Постер и дијапозитиви од „Фотодрамата за создавањето“.

    Почнувајќи од 1914 год., кој нов изум го користеле Истражувачите на Библијата за да им ја зајакнат на луѓето верата во Божјата Реч, и каков бил исходот од тоа?

  • Полициски фотографии од браќата кои биле уапсени и затворени во 1918

    Со какви испити на верата се соочиле Истражувачите на Библијата во 1916 год. и во 1918 год., и какви докази има дека Јехова ја водел својата организација?

  • Музејска изложба на која се прикажани многумина што биле затворени поради својата вера. Отворена врата која води во просторија каде што има слики на рајот.

    Како Божјите слуги останале верни и покрај противењето?

  • Музејска изложба на која се прикажани некои начини на кои се проповедало во 1930-тите и 1940-тите.

    Какво појаснување во разбирањето добиле Јеховините слуги во 1935 год., и како тоа влијаело врз нив?

  • Ако си ја посетил оваа изложба или подружницата во твојата земја, кои работи што си ги видел ти ја зајакнале верата дека Јехова го води и го заштитува својот народ?

За да дознаеш како можеш да ја посетиш оваа изложба, оди на jw.org® и кликни на „За нас“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели