ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Август стр. 3
  • Биди решен да му останеш верен на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди решен да му останеш верен на Јехова
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Развивај христијански особини — храброст
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Не е премногу тешко да бидеме храбри
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • „Биди храбар... и почни да градиш“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Дај ми храбро срце
    Пеј му од срце на Јехова
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Август стр. 3

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Биди решен да му останеш верен на Јехова

ЗОШТО Е ВАЖНО: Наскоро нѐ очекуваат страшни настани кои како никогаш порано ќе ни ги стават на испит храброста и довербата во Јехова. Големата неволја ќе започне со уништувањето на лажната религија (Мт 24:21; От 17:16, 17). Во текот на големата неволја, веројатно ќе објавуваме остра порака на осуда (От 16:21). Исто така, ќе се соочиме со нападот на Гог од Магог (Езе 38:10-12, 14-16). За да го заштити својот народ, Јехова ќе ја започне „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (От 16:14, 16). Ќе можеме храбро да се соочиме со тие идни настани ако уште сега му остануваме верни на Јехова кога имаме испити на верата.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Храбро да ги браниме Јеховините високи морални мерила и да живееме според нив (Иса 5:20).

  • Да продолжиме да му служиме на Јехова заедно со нашите соверници (Ев 10:24, 25).

  • Спремно да го следиме водството од Јеховината организација (Ев 13:17).

  • Да размислуваме како Јехова го спасувал својот народ во минатото (2Пе 2:9).

  • Да се молиме и да имаме доверба во Јехова (Пс 112:7, 8).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИДНИ НАСТАНИ ЗА КОИ ЌЕ НИ БИДЕ ПОТРЕБНА ХРАБРОСТ — ИЗВАДОК, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Идни настани за кои ќе ни биде потребна храброст“. Во салата за состаноци, една сестра е загрижена откако прочитала како ќе се подели нејзиното собрание.

    Како послушноста на објавителите беше ставена на испит кога нивното собрание се спои со други собранија?

  • Сцена од видеоклипот „Идни настани за кои ќе ни биде потребна храброст“. Истата сестра разговара со други две сестри за тоа како ќе биде поделено нивното собрание.

    Како се поврзани храброста и послушноста?

  • Сцена од видеоклипот „Идни настани за кои ќе ни биде потребна храброст“. Едно дете е загрижено додека размислува за сликата на која е прикажан Армагедон во книгата „Божјето Царство владее!“

    Зошто ќе ни биде потребна храброст во Армагедон?

  • Сцена од видеоклипот „Идни настани за кои ќе ни биде потребна храброст“. Јосафат и други Јудејци пристигаат на бојното поле и гледаат дека ниту еден непријателски војник не останал жив.

    Подготви се уште сега за идните настани за кои ќе ни биде потребна храброст

    Кој библиски извештај може да ни ја зајакне верата дека Јехова има моќ да нѐ спаси? (2Ле 20:1-24).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели