ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 29-30
Прилог за Јехова
Откако бил направен светиот шатор, секој Израелец, без разлика дали бил богат или сиромашен, имал чест да дава прилог за да го поддржува обожавањето на вистинскиот Бог. Но, како можеме ние денес да даваме прилог за Јехова? Еден начин е така што ќе приложуваме средства за нашите сали за состаноци, конгресните сали, бетелските објекти, преведувачките канцеларии, како и за другите објекти кои му се посветени на Јехова.
Што учиме од следниве стихови во врска со прилозите што ги даваме за да го поддржуваме обожавањето на вистинскиот Бог?