ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 33-34
Јеховините прекрасни особини
Тоа што длабоко размислувал за Јеховините особини му помогнало на Мојсеј да биде стрплив со Израелците. Ако и ние длабоко размислуваме за Јеховините особини, ќе покажуваме милосрдност кон нашите соверници.
„Милосрден и љубезен“: Јехова со љубов се грижи за оние што му служат исто како што родителите се грижат за своите деца
„Бавен на гнев“: Јехова е стрплив со своите слуги кога прават грешки и им дава време да се променат
„Полн со милост“: Верната љубов што Јехова ја има кон своите слуги ќе трае засекогаш
ПРАШАЈ СЕ: „Како можам да бидам милосрден и сочувствителен како Јехова?“