ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb21 Јануари стр. 5
  • Како да си го зачуваш бракот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да си го зачуваш бракот
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сличен материјал
  • Ти можеш да имаш среќен брак!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
mwb21 Јануари стр. 5
Еден маж е радосен додека седи на земја покрај жена му и заедно ја перат облеката.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да си го зачуваш бракот

Јехова го смета брачниот завет за нешто многу сериозно. Тој рекол дека мажот и жената треба да останат еден покрај друг (Мт 19:5, 6). Меѓу Божјиот народ има многу среќни бракови. Сепак, ниту еден брак не е совршен и затоа се појавуваат проблеми. Не смееме да го прифатиме гледиштето кое е вообичаено во светот дека одвојувањето и разводот се решение за брачните проблеми. Како можеме да си го зачуваме бракот?

Следниве пет работи можат да ни помогнат во тоа.

  1. Чувај си го срцето така што ќе избегнуваш работи што можат да му наштетат на бракот, како што се флертувањето и неморалната забава (Мт 5:28; 2Пе 2:14).

  2. Станувај сѐ поблизок со Бог и зголемувај ја желбата да го радуваш со својот брак (Пс 97:10).

  3. Продолжи да ја облекуваш новата личност и прави мали работи за сопружникот со кои ќе му го направиш животот поубав (Кол 3:8-10, 12-14).

  4. Задржи добра комуникација со брачниот другар (Кол 4:6).

  5. Исполнувај ја брачната должност со љубов (1Ко 7:3, 4; 10:24).

Кога покажуваме почит кон бракот, покажуваме почит и кон оној што го основал, Јехова.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „СО ИСТРАЈНОСТ ДА ЈА ТРЧАМЕ ТРКАТА“ — СЛЕДИ ГИ ПРАВИЛАТА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Со истрајност да ја трчаме трката — следи ги правилата“. Брат и сестра Калу се насмеани во салата по говорот за венчавање.

    Какви проблеми можат да се појават во еден брак кој имал убав почеток?

  • Сцена од видеоклипот „Со истрајност да ја трчаме трката — следи ги правилата“. Брат и сестра Калу смирено зборуваат за проблемите. На масата пред нив има отворена Библија.

    Како библиските начела можат да им помогнат на оние кои сметаат дека во нивниот брак нема љубов?

  • Сцена од видеоклипот „Со истрајност да ја трчаме трката — следи ги правилата“. Брат Калу им чита на жена си и на двете ќерки од Мојата книга со библиски приказни.

    За да имаш среќен брак, применувај ги библиските начела

    Какви правила дал Јехова за бракот?

  • Што треба да прават и двајцата брачни другари за нивниот брак да биде успешен?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели