ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb21 Јануари стр. 11
  • Донеси одлука да му служиш на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Донеси одлука да му служиш на Јехова
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сличен материјал
  • Крштавање — цел која вреди да си ја поставиш
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Крштавањето — важен чекор за некој да стане христијанин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Да се исполнат условите за крштавање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Крштавањето и твојот однос со Бог
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
mwb21 Јануари стр. 11
Патот до крштавање е претставен со една кривулеста патека. На неа има поставено знаци кои ги претставуваат чекорите кои водат до крштавање — проучување на Библијата, присуство на состаноците, проповедање и крштавање.

Каде се наоѓаш ти на патот кој води до крштавање?

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Донеси одлука да му служиш на Јехова

Ако ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци или си млад некрстен објавител, дали си си поставил цел да се крстиш? Зошто треба да сакаш да се крстиш? Со тоа што ќе му го заветуваш својот живот на Јехова и ќе се крстиш, ќе стапиш во посебен однос со него (Пс 91:1). Освен тоа, така ќе можеш да добиеш спасение (1Пе 3:21). Што може да ти помогне да ја оствариш оваа цел?

Увери се дека ова е вистината. Кога ќе ти се појават прашања, проучувај и истражувај за да го дознаеш одговорот (Ри 12:2). Утврди кои промени треба да ги направиш, а потоа направи ги промените од љубов кон Јехова (Из 27:11; Еф 4:23, 24). Секогаш барај помош од него во молитва. Биди уверен дека Јехова ќе те зајакне и ќе те поддржува со својот моќен свет дух (1Пе 5:10, 11). Трудот што го вложуваш сигурно ќе се исплати. Нема ништо подобро од тоа да му служиш на Јехова! (Пс 16:11).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПАТОТ ДО КРШТАВАЊЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Какви пречки требало да надминат некои за да се крстат?

  • Како можеш да стекнеш вера која ќе те поттикне да му го заветуваш животот на Јехова?

  • Кои работи ги поттикнале некои браќа и сестри да ги преземат потребните чекори за да се крстат?

  • Какви благослови добиваат оние што донеле одлука да му служат на Јехова?

  • Што значи да му го заветуваш својот живот на Јехова и да се крстиш?

При крајот на говорот за крштавање, говорникот ќе ги замоли кандидатите да станат и да одговорат јасно и гласно на следниве две прашања:

Дали си се покајал за своите гревови и си му го заветувал својот живот на Јехова, и дали прифаќаш дека можеш да бидеш спасен само преку Исус Христос?

Дали сфаќаш дека со своето крштавање стануваш Јеховин сведок и дел од Јеховината организација?

Со потврдните одговори на овие прашања, кандидатите за крштавање јавно покажуваат дека имаат вера во откупнината и дека му се заветувале на Јехова (Ри 10:9, 10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели