ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb21 Мај стр. 13
  • Покажувај љубов во семејството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажувај љубов во семејството
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сличен материјал
  • Како можеш да имаш среќен семеен живот
    Што навистина учи Библијата?
  • Семеен живот кој му е допадлив на Бог
    Што бара Бог од нас?
  • Два клуча за траен брак
    Тајната на семејната среќа
  • Семејниот живот да се направи среќен
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
mwb21 Мај стр. 13
Едно семејство пее на состанок.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Покажувај љубов во семејството

Љубовта е како лепак што ги поврзува членовите на семејството. Без љубов, тие не можат да бидат блиски и сложни. Како можат сопрузите, сопругите и родителите да покажуваат љубов во семејството?

Еден сопруг покажува љубов така што ги зема предвид потребите, гледиштата и чувствата на својата сопруга (Еф 5:28, 29). Тој се грижи за семејството не само во материјален туку и во духовен поглед, меѓу другото така што се труди редовно да ја одржуваат Семејната вечер (1Ти 5:8). Една сопруга покажува љубов така што му е подложна на својот сопруг и длабоко го почитува (Еф 5:22, 33; 1Пе 3:1-6). И двајцата сопружници мора спремно да си простуваат (Еф 4:32). Родителите покажуваат љубов така што се грижат за потребите на секое од децата и ги поучуваат да го сакаат Јехова (5Мо 6:6, 7; Еф 6:4). Добро е родителите да размислат за овие прашања: „Со какви предизвици се соочуваат моите деца на училиште? Како се справуваат со притисокот од врсниците?“ Кога во семејството владее љубов, сите се чувствуваат убаво и сигурно.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРОДОЛЖИ ДА ПОКАЖУВАШ ЉУБОВ ВО СЕМЕЈСТВОТО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Продолжи да покажуваш љубов во семејството“. Откако се вратиле од состанок, мажот и жената зборуваат за еден библиски стих.

    Како еден сопруг може да покаже дека ја сака својата жена и дека се грижи за неа?

  • Сцена од видеоклипот „Продолжи да покажуваш љубов во семејството“. Откако си доаѓа дома од состанок, една сестра стрпливо го слуша и го смирува својот сопруг кој не е Јеховин сведок.

    Како една сопруга може да покажува длабока почит кон својот сопруг?

  • Сцена од видеоклипот „Продолжи да покажуваш љубов во семејството“. Членовите на едно семејство заедно каснуваат нешто и си споделуваат мисли од состанокот кои им се допаднале.

    Како можат родителите да ги всадат поуките од Божјата Реч во своите деца?

НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ВО ВРСКА СО ТЕХНОЛОГИЈАТА

Електронските уреди лесно би можеле да ни го украдат времето кое треба да го користиме за да се зближиме со членовите на нашето семејство. Добро е родителите да одредат колку време тие и нивните деца ќе трошат на електронски уреди. Освен тоа, родителите треба да одлучат дали да им дозволат на своите деца да користат социјални мрежи и со кого да комуницираат преку нив.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели