ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Користи ги двете нови публикации за служба
Многу се радуваме што имаме нова брошура и нова книга за водење библиски курсеви. Го молиме Јехова да ги благослови нашите напори додека им помагаме на што е можно повеќе луѓе да станат ученици на Исус (Мт 28:18-20; 1Ко 3:6-9). Како можеме да ги користиме овие нови алатки?
Со книгата Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс ќе ги поучуваме луѓето на еден нов начин. Следи ги овие неколку основни чекори кога се подготвуваш и кога го водиш библискиот курс.a
Прочитајте го материјалот и разгледајте ги прашањата
Прочитајте ги стиховите означени со „прочитај“, и помогни му на интересентот да го сфати нивното значење
Гледајте ги видеоклиповите и потоа дискутирајте за нив со помош на наведените прашања
Обидете се секој пат да ја поминете целата лекција
Во служба, започни библиски курс со брошурата за да видиш дали лицето има интерес. (Види ја рамката „Како да ја понудиш брошурата Радувај му се на животот засекогаш при првиот разговор“.) Ако ја завршите брошурата и лицето сака и понатаму да проучува, понуди му ја книгата и почнете со лекција 04. Ако веќе ја проучуваш со некого книгата Што учи Библијата или Како да ја зачуваш Божјата љубов, префрлете се на книгата Радувај му се на животот засекогаш, и одлучи од каде ќе започнете.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДОБРЕДОЈДЕ НА ТВОЈОТ БИБЛИСКИ КУРС, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Што ќе научат интересентите од новата книга?
Зошто треба да им го покажеш овој видеоклип на оние со кои почнуваш да проучуваш?
Кои цели треба постепено да го поттикнуваш интересентот да си ги постави и да ги исполни? (Види ја табелата „Тема и цели за секој дел“.)
a ЗАБЕЛЕШКА: Иако рамката „Истражувај“ не е задолжително да ја разгледате додека проучувате, кога се подготвуваш одвој си време да ја прочиташ секоја статија во неа или да го гледаш секој видеоклип. Така ќе знаеш што би му се допаднало на интересентот или што би му користело. Во електронското издание на книгата има линкови до видеоклиповите и до други дополнителни содржини.
ТЕМА И ЦЕЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕЛ |
|||
---|---|---|---|
ЛЕКЦИИ |
ТЕМА |
ЦЕЛИ ЗА ИНТЕРЕСЕНТОТ |
|
01-12 |
Како може Библијата да ти помогне и како можеш да го запознаеш нејзиниот Автор |
Поттикни го интересентот да ја чита Библијата, да се подготвува за библискиот курс и да почне да присуствува на состаноците |
|
13-33 |
Што направил Бог за нас и како можеме да му служиме на прифатлив начин |
Поттикни го интересентот да им зборува на другите за вистината и да стане објавител |
|
34-47 |
Што очекува Бог од оние што му служат |
Поттикни го интересентот да му го заветува својот живот на Јехова и да се крсти |
|
48-60 |
Како да ја зачуваш Божјата љубов |
Помогни му на интересентот да научи да разликува што е исправно а што погрешно и да станува сѐ поблизок со Бог |