ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА
Помогни им на твоите интересенти да научат да проучуваат
За да можат интересентите да ги задоволат своите духовни потреби и да станат зрели христијани, не е доволно само да ги научат вистините за кои ги поучуваме (Мт 5:3; Ев 5:12 — 6:2). Важно е да научат и како самите да проучуваат.
Уште кога ќе почнеш да проучуваш со некого, покажи му како да се подготвува за библискиот курс и охрабри го да го прави тоа (mwb18.03 6). Поттикни го секојпат кога проучува најпрво да се помоли. Покажи му како да ги користи електронските алатки за проучување. Објасни му како може да ги најде најновите содржини на jw.org и на JW Broadcasting®. Поттикни го да ја чита Библијата секој ден, а поучи го и како да се подготвува за собраниските состаноци и како да истражува за да најде одговор на своите прашања. Помогни му да размислува за она што го учи.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОМОГНИ ИМ НА ТВОИТЕ ИНТЕРЕСЕНТИ ДА НАУЧАТ ДА ПРОУЧУВААТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Како Нита ѝ помогна на Џејд да сфати дека проучувањето вклучува многу повеќе отколку само да се најдат одговорите?
Што ѝ помогна на Џејд да се увери дека Јехова има добра причина зошто го забранува сексуалниот неморал?
Помогни им на твоите интересенти да научат да проучуваат и да го применуваат она што го учат
Што сфати Џејд во врска со длабокото размислување?