ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb23 Мај стр. 5
  • Дали си подготвен за економска криза?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си подготвен за економска криза?
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Сличен материјал
  • Дали си подготвен?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Остани подготвен на самиот крај од „последните денови“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Дали си подготвен во случај на граѓански немири?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
mwb23 Мај стр. 5

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дали си подготвен за економска криза?

Ние не сме изненадени ако, поради светските настани, дојде до економска нестабилност во светот. Зошто? Затоа што живееме на крајот од последните денови и Библијата нѐ предупредува да не се потпираме на „несигурното богатство“ (1Ти 6:17; 2Ти 3:1). Што можеме да научиме од примерот на цар Јосафат во врска со тоа како да се подготвиме за економска криза?

Кога му се заканувала опасност од непријателска војска, Јосафат имал доверба во Јехова (2Ле 20:9-12). Исто така, тој однапред презел практични чекори за да го подготви народот така што утврдил градови и поставил чети по земјата (2Ле 17:1, 2, 12, 13). Исто како Јосафат, добро е да имаме доверба во Јехова и да се подготвиме за тешки времиња.

КАКО МОЖЕМЕ ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА ЕКОНОМСКА КРИЗА?

Подготви се во духовен поглед: Научи да бидеш задоволен со она што го имаш и зајакни си ја довербата дека Јехова има моќ да се грижи за твоите секојдневни потреби (Мт 6:26; 1Ти 6:8). Биди решен никогаш да не ги прекршиш библиските начела само за да ги задоволиш таквите потреби (Ри 2:21). Размисли како би можел да продолжиш духовно да се храниш во случај да нема електрична енергија или интернет. Чувај си одредени публикации во печатен облик и, ако е можно, нека ти бидат преземени потребните електронски публикации.

Подготви се во материјален поглед: Намали си ги долговите и избегнувај непотребно да трошиш пред да дојде до економска криза (Из 22:7). Ако е можно, направи си разумна залиха од храна и други неопходни работи. За да заштедат пари, некои можеби ќе одлучат да одгледуваат зеленчук.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДАЛИ СИ ПОДГОТВЕН ВО СЛУЧАЈ НА КАТАСТРОФА?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

 Сцена од видеоклипот „Дали си подготвен во случај на катастрофа?“ Слики на кои се прикажани Библија, ранец за итни случаи, мобилен телефон и луѓе кои работат на градежен проект.
  • Што може да направи секој од нас лично за да биде подготвен за катастрофа?

Сцена од видеоклипот „Дали си подготвен во случај на катастрофа?“ Браќа учествуваат во акција за помош при катастрофи така што работат на изградба на еден објект и истовараат материјали од еден камион.
  • Како може да бидеме подготвени за да им помогнеме на другите?

ЦЕЛ:

За време на Семејната вечер, проучувајте го Разбудете се! бр. 1, 2022. Разговарајте кои други чекори би можеле да ги преземете за да бидете подготвени во случај да дојде до катастрофа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели