ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w20 Март стр. 8-13
  • Дали си спремен да се крстиш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си спремен да се крстиш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ЗНАЧИ НЕКОЈ ДА СЕ ЗАВЕТУВА И ДА СЕ КРСТИ
  • ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИШ ПРЕД ДА СЕ КРСТИШ
  • ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИШ ОТКАКО ЌЕ СЕ КРСТИШ
  • Крштавање — цел која вреди да си ја поставиш
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Крштавањето — важен чекор за некој да стане христијанин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Дали да се крстам? — Прв дел: Што претставува крштавањето?
    Младите прашуваат
  • Крштавањето и твојот однос со Бог
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
w20 Март стр. 8-13

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 11

Дали си спремен да се крстиш?

Сега и вас ве спасува крштавањето (1. ПЕТ. 3:21)

ПЕСНА 28 Да бидеме пријатели со Јехова

КРАТОК ПРЕГЛЕДa

1. Што треба да направи некој пред да почне да гради куќа?

ЗАМИСЛИ СИ дека некој сака да гради куќа, и знае како треба да изгледа таа. Дали веднаш ќе појде да ги набави потребните материјали и ќе почне да гради? Не. Пред да почне, мора да направи нешто многу важно — да пресмета колку ќе го чини сето тоа. Зошто? Затоа што треба да знае дали ќе има доволно пари за да ја догради куќата. Ако добро го пресмета трошокот однапред, поголема е веројатноста дека ќе ја доврши.

2. Според Лука 14:27-30, за што треба добро да размислиш пред да се крстиш?

2 Дали љубовта и благодарноста кон Јехова те поттикнуваат да размислуваш за крштавање? Ако е така, тогаш стоиш пред слична одлука како човекот што сака да изгради куќа. Зошто го велиме ова? Па, размисли за зборовите на Исус кои се запишани во Лука 14:27-30. (Прочитај.) Исус зборувал за тоа што значи да се биде негов ученик. Оној што ќе стане негов следбеник, мора да биде спремен да го сноси „трошокот“. Со други зборови, мора да биде спремен на проблеми и на жртви (Лука 9:23-26; 12:51-53). Затоа, пред да се крстиш, треба добро да размислиш што сѐ е вклучено во тоа. Ова ќе те подготви верно да му служиш на Јехова и откако ќе се крстиш.

3. Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Дали вреди да направиш толкави жртви за да бидеш крстен ученик на Христос? Се разбира дека вреди! Оној што ќе се крсти ќе има многу благослови и сега и во иднина. Да разгледаме некои важни прашања поврзани со крштавањето. Тоа ќе ти помогне да видиш дали си спремен да се крстиш.

ШТО ЗНАЧИ НЕКОЈ ДА СЕ ЗАВЕТУВА И ДА СЕ КРСТИ

4. а) Што значи да му се заветуваш на Бог? б) Според она што е кажано во Матеј 16:24, што значи да се одречеш од себеси?

4 Што значи да му се заветуваш на Бог? Пред да се крстиш, мора да му дадеш завет на Јехова. Во таа прилика му се молиш од срце и му кажуваш дека оттогаш натаму ќе живееш за да му служиш засекогаш. Кога му се заветуваш на Бог, ти се одрекуваш од себеси. (Прочитај Матеј 16:24.) Од тој момент, ти му припаѓаш на Јехова, и тоа е огромна чест (Рим. 14:8). Му кажуваш дека најважно од сѐ во животот ќе ти биде да му служиш нему, а не да си угодуваш себеси. Кога му се заветуваш на Бог, ти му даваш сериозно ветување. Јехова не нѐ присилува да го направиме тоа. Но, ако му дадеме такво ветување, тој очекува да си стоиме на зборот (Пс. 116:12, 14).

5. Како заветот е поврзан со крштавањето?

5 Како заветот што му го даваш на Бог е поврзан со крштавањето? Заветот е нешто меѓу тебе и Јехова. Ти му го заветуваш својот живот насамо. Но, крштавањето е јавен настан. Оние што сакаат да се крстат обично го прават тоа на некој конгрес или собир, во присуство на многу луѓе. Кога ќе се крстиш, ќе им ставиш до знаење и на другите дека веќе си му го заветувал својот живот на Јехова.b Всушност, со своето крштавање им покажуваш на сите дека го сакаш Јехова Бог со сето свое срце, душа, ум и сила, и дека си решен да му служиш засекогаш (Мар. 12:30).

Две прашања кои ќе ги одговориш на денот кога ќе се крстиш

  1. Дали си се покајал за своите гревови и си му го заветувал својот живот на Јехова, и дали прифаќаш дека можеш да бидеш спасен само преку Исус Христос?

  2. Дали сфаќаш дека со своето крштавање стануваш Јеховин сведок и дел од Јеховината организација?

6-7. Според 1. Петрово 3:18-22, од кои две причини мора да се крстиме?

6 Дали мора да се крстиш? Размисли за она што го пишува во 1. Петрово 3:18-22. (Прочитај.) Исто како што арката била видлив доказ за верата на Ное, така и твоето крштавање е јасен показател дека си му се заветувал на Јехова. Но, дали мора да се крстиш? Да. Петар објаснил зошто. Прво, тој вели дека крштавањето „спасува“. Крштавањето може да нѐ спаси ако ги преземеме потребните чекори за да покажеме дека имаме вера во Исус и дека веруваме дека тој умрел за нас, бил воскреснат за живот на небото и сега е „од десната страна на Бог“.

7 Второ, крштавањето ни помага да имаме „чиста совест“. Кога му се заветуваме на Бог и се крштаваме, ние стапуваме во посебен однос со него. Затоа што искрено се каеме и покажуваме вера во откупнината, Бог ни ги простува гревовите. На тој начин можеме да му служиме со чиста совест.

8. На што треба да се темели твојата одлука да се крстиш?

8 На што треба да се темели твојата одлука да се крстиш? Благодарение на тоа што внимателно си ја проучувал Библијата, си дознал многу работи за Јехова. На пример, си дознал каква личност е тој и како постапува. Тоа што си го научил за него те допрело до срце и те поттикнало многу да го засакаш. Љубовта кон Јехова мора да ти биде најважниот мотив за да се крстиш.

9. Како што е запишано во Матеј 28:19, 20, што значи некој да се крсти во името на Таткото, на Синот и на светиот дух?

9 Друга причина што треба да те поттикне да се крстиш е тоа што си ги дознал и си ги прифатил библиските вистини. Забележи што кажал Исус кога им заповедал на учениците да проповедаат. (Прочитај Матеј 28:19, 20.) Тој рекол дека оние што се крштаваат мора да го направат тоа „во името на Таткото и на Синот и на светиот дух“. Што значи ова? Ти мора да веруваш со сето срце во вистините што ги открива Библијата за Јехова, за неговиот Син и за светиот дух. Овие вистини се многу моќни и можат да продрат длабоко во твоето срце (Евр. 4:12). Да разгледаме некои од нив.

10-11. Кои вистини за Таткото си ги дознал и си ги прифатил?

10 Размисли како се чувствуваше кога ги дозна следниве вистини за Таткото: неговото „име е Јехова“, тој е „Севишен над целата земја“ и само тој е „вистински Бог“ (Пс. 83:18; Иса. 37:16). Јехова е нашиот Творец и спасението е од него (Пс. 3:8; 36:9). Тој направил сѐ што е потребно за да нѐ избави од гревот и смртта, и ни дал надеж за вечен живот (Јован 17:3). Кога ќе му го заветуваш својот живот и ќе се крстиш, ти ќе станеш Јеховин сведок (Иса. 43:10-12). Ќе бидеш дел од едно меѓународно семејство на Божји слуги кои гордо го носат Божјето име и им го објавуваат на другите (Пс. 86:12).

11 За нас е навистина огромна чест што го разбираме она што Библијата го кажува за Таткото! Кога ќе поверуваш во овие скапоцени вистини, срцето ќе те поттикне да му се заветуваш на Јехова и да се крстиш.

12-13. Кои вистини за Синот си ги дознал и си ги прифатил?

12 А како се чувствуваше кога ги дозна вистините за Синот? Тој е втората личност по важност во вселената, веднаш по Јехова. Исус е нашиот Откупител, кој спремно го дал својот живот за нас. Кога покажуваме на дело дека имаме вера во откупнината, нашите гревови можат да бидат простени, можеме да станеме Божји пријатели и да имаме вечен живот (Јован 3:16). Исус е нашиот Првосвештеник. Тој сака да ни помогне да извлечеме корист од откупнината и да имаме близок однос со Бог (Евр. 4:15; 7:24, 25). Преку Исус, кој е Цар на Божјето Царство, Јехова ќе го посвети своето име, ќе му стави крај на злото и ќе донесе вечни благослови во рајот што ни претстои (Мат. 6:9, 10; Отк. 11:15). Ние треба да одиме по стапките на Исус (1. Пет. 2:21). Тој ни дал пример така што живеел за да ја врши Божјата волја (Јован 4:34).

13 Кога ќе поверуваш во она што Библијата го кажува за Исус, во твоето срце ќе се роди љубов кон Божјиот сакан Син. Таа љубов ќе те мотивира да ја вршиш Божјата волја, исто како што правел Исус. Како резултат на тоа, ќе чувствуваш силна желба да му се заветуваш на Јехова и да се крстиш.

14-15. Кои вистини за светиот дух си ги дознал и си ги прифатил?

14 Како се чувствуваше кога ги дозна вистините за светиот дух? Тоа не е личност, туку силата што ја користи Бог. Јехова го употребил светиот дух за да го води пишувањето на Библијата, и истиот тој дух ни помага да го разбереме и да го применуваме она што го читаме во неа (Јован 14:26; 2. Пет. 1:21). Преку својот дух, Јехова ни дава „сила, која ја надминува нормалната“ (2. Кор. 4:7). Духот ни влева сила и да ја проповедаме добрата вест, да се бориме со искушенијата, да се справиме со обесхрабрувањето и да истраеме во неволјите. Освен тоа, ни помага да ги покажуваме прекрасните особини кои спаѓаат во „плодовите на духот“ (Гал. 5:22). Бог великодушно им го дава својот дух на оние што искрено го молат за тоа и што имаат доверба во Него (Лука 11:13).

15 Колку е утешно што знаеме дека можеме да се потпираме на светиот дух кој ќе ни помага додека му служиме на Бог! Кога ќе поверуваш во вистините што си ги дознал за светиот дух, ќе бидеш поттикнат да му го заветуваш својот живот на Бог и да се крстиш.

16. Што разгледавме досега?

16 Кога ќе одлучиш да му се заветуваш на Бог и да се крстиш, ти правиш еден многу важен чекор. Како што видовме, мора да бидеш спремен да го сносиш „трошокот“, односно да бидеш спремен на проблеми и на жртви. Но, тие жртви не се ништо во споредба со благословите што ќе ги добиеш! Крштавањето може да те спаси, и може да ти помогне да му служиш на Бог со чиста совест. Љубовта кон Јехова Бог мора да ти биде најважниот мотив да се крстиш. Освен тоа, мора со сето срце да веруваш во вистините што си ги дознал за Таткото, за Синот и за светиот дух. Откако го разгледавме сето ова, што мислиш, дали си спремен да се крстиш?

ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИШ ПРЕД ДА СЕ КРСТИШ

17. Кои чекори водат до крштавање?

17 Ако мислиш дека си спремен да се крстиш, сигурно веќе си направил многу работи за да се зближиш со Јехова.c Од своето проучување на Библијата си научил многу за Јехова и за Исус. Тоа ти помогнало да стекнеш вера (Евр. 11:6). Имаш потполна доверба во ветувањата што Јехова ги дал во Библијата, и веруваш дека жртвата на Исус може да те спаси од гревот и смртта. Си се покајал за своите гревови, односно многу ти е жал за грешките што си ги правел и си го молел Јехова да ти прости. Си се сменил од корен, односно си расчистил со сите погрешни работи што си ги правел порано и си почнал да живееш како што сака Бог (Дела 3:19). Гориш од желба да им зборуваш на другите за твојата вера. Си ги исполнил условите за да бидеш некрстен објавител и си почнал да одиш во служба заедно со браќата од собранието (Мат. 24:14). Јехова се гордее со тебе затоа што си ги направил сите овие неопходни чекори. Многу си го израдувал со тоа! (Изр. 27:11).

ПРЕД ДА СЕ КРСТИШ:

  • Запознај ги добро Јехова и Исус

  • Стекни вера

  • Покај се за гревовите и направи ги потребните промени

  • Заветувај му го својот живот на Бог

Слики: Чекори до крштавање кои ги прави една девојка. 1. Ја проучува Библијата со некого. 2. Оди на состанок во лежерна облека. 3. Фрла во канта за ѓубре цигари, религиозен идол и слики со спиритистички елементи. 4. Му се заветува на Јехова во молитва. 5. Учествува во сведочење на јавни места. 6. Длабоко размислува додека ја чита Библијата. 7. Само што се крстила.

ОТКАКО ЌЕ СЕ КРСТИШ:

  • Читај ја Божјата Реч и размислувај за неа секој ден

  • Моли се непрестајно

  • Барај го најнапред Царството

18. Што друго треба да направиш пред да се крстиш?

18 Но, пред да се крстиш, треба да направиш уште некои работи. Како што видовме, мора да му го заветуваш својот живот на Бог. Насамо, помоли му се од срце и вети му дека отсега натаму ќе живееш за да ја вршиш неговата волја (1. Пет. 4:2). Потоа кажи му на координаторот на старешинството дека сакаш да се крстиш. Тој ќе замоли неколку старешини да поразговараат со тебе. Нема потреба да се плашиш од тоа. Имај на ум дека овие браќа веќе те познаваат и те сакаат. Тие ќе ги разгледаат со тебе основните библиски вистини што си ги научил. Ќе сакаат да се уверат дека ги разбираш библиските учења и дека си свесен за важноста на заветот и крштавањето. Ако проценат дека ги исполнуваш условите, ќе ти кажат дека можеш да се крстиш на следниот собир или конгрес.

ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИШ ОТКАКО ЌЕ СЕ КРСТИШ

19-20. Што ќе треба да правиш откако ќе се крстиш, и што ќе ти помогне во тоа?

19 Што ќе треба да правиш откако ќе се крстиш?d Сети се дека заветот е ветување и дека Јехова очекува да го одржиш. Затоа, по крштавањето, треба да живееш во склад со својот завет. Што ќе ти помогне во тоа?

20 Остани близок со соверниците. Како крстен христијанин, ти си сега дел од едно меѓународно братство (Мат. 23:8). Браќата и сестрите во собранието се твое духовно семејство. Со тоа што редовно ќе одиш на состаноците, ќе станеш уште поблизок со нив. Читај ја Божјата Реч и размислувај за неа секој ден (Пс. 1:1, 2). Откако ќе прочиташ неколку стихови, одвој време длабоко да размислиш за прочитаното. Тогаш тие зборови ќе продрат во твоето срце. Моли се непрестајно (1. Сол. 5:17) Ако од срце му се молиш на Јехова, уште повеќе ќе се зближиш со него. Продолжи да го бараш најнапред Царството (Мат. 6:33). Проповедањето нека биде една од најважните работи во твојот живот. Со тоа што редовно ќе учествуваш во службата, ќе си ја зацврстиш верата и ќе можеш да им помогнеш на другите да стекнат надеж за вечен живот (1. Тим. 4:16).

21. Какви благослови ќе ти донесе крштавањето?

21 Кога ќе решиш да му се заветуваш на Јехова и да се крстиш, ти ќе ја донесеш најважната одлука во својот живот. Точно е дека тоа ќе бара жртви од тебе. Но, дали вреди да ги направиш? Се разбира дека вреди! Секоја неволја со која можеби ќе се соочиш во овој стар свет е „моментална и лесна“ (2. Кор. 4:17). Но, крштавањето ќе ти донесе трајни благослови. Тоа ќе ти помогне да водиш посреќен живот уште сега и да го освоиш „вистинскиот живот“ во иднина (1. Тим. 6:19). Затоа, размислувај внимателно и моли го Јехова да ти помогне да видиш дали навистина си спремен да се крстиш.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што треба да знаеш во врска со заветот и крштавањето?

  • Што треба да правиш пред да се крстиш?

  • Што треба да правиш откако ќе се крстиш?

ПЕСНА 50 Мојот завет кон Бог

a Дали размислуваш да се крстиш? Ако да, оваа статија е наменета посебно за тебе. Во неа се разгледани неколку важни прашања поврзани со крштавањето. Твојот одговор на тие прашања ќе ти помогне да видиш дали си спремен да се крстиш.

b Види ја рамката „Две прашања кои ќе ги одговориш на денот кога ќе се крстиш“.

c Види го поглавје 18 од книгата Што навистина учи Библијата?

d Ако не си завршил со проучување на книгите Што учи Библијата? и Божјата љубов, треба да ги поминеш до крај.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели