ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w20 Март стр. 1-32
  • Сакајте се силно еден со друг

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сакајте се силно еден со друг
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ТРУДИ СЕ ДА БИДЕШ ВО МИР СО ДРУГИТЕ
  • БИДИ НЕПРИСТРАСЕН
  • БИДИ ГОСТОЉУБИВ
  • Гостољубивоста — скапоцена особина која денес е толку потребна!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Нека расте твојата љубов кон Јехова и кон другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Како може нашата љубов кон другите да остане силна
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Радувај се на својот напредок!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
w20 Март стр. 1-32

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 13

Сакајте се силно еден со друг

Сакајте се еден со друг силно и од срце (1. ПЕТ. 1:22)

ПЕСНА 109 Да се сакаме силно и од срце!

КРАТОК ПРЕГЛЕДa

Исус разговара со своите верни апостоли.

Додека бил заедно со апостолите во текот на последната ноќ од својот живот на Земјата, Исус нагласил колку е важна љубовта. (Види во пасуси 1-2)

1. Која јасна заповед им ја дал Исус на своите ученици? (Види ја сликата на насловната страница.)

НОЌТА пред да умре, Исус им дал на своите ученици една јасна заповед. Тој им рекол: „Како што јас ве сакав, така и вие сакајте се еден со друг“. А потоа додал: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:34, 35).

2. Зошто е важно да покажуваме љубов еден кон друг?

2 Исус им рекол на своите ученици дека, ако се сакаат еден со друг како што ги сакал тој, ќе биде очигледно дека тие се негови вистински следбеници. Таквата љубов требало да биде обележје на вистинските христијани и во првиот век и денес. Затоа е многу важно да си покажуваме љубов, дури и кога тоа не е лесно!

3. Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Бидејќи сме несовршени, понекогаш е тешко да си покажуваме искрена љубов. И покрај тоа, мора да се трудиме да бидеме како Христос. Во оваа статија ќе разгледаме како љубовта ни помага да бидеме во мир со другите, да бидеме непристрасни и да бидеме гостољубиви. Додека го проучуваш овој материјал, прашај се: „Што можам да научам од браќата и сестрите кои не престанале да покажуваат љубов дури и кога тоа не им било лесно?“

ТРУДИ СЕ ДА БИДЕШ ВО МИР СО ДРУГИТЕ

4. Според Матеј 5:23, 24, зошто треба да се помириме со некој сохристијанин кој има нешто против нас?

4 Исус нѐ поучил колку е важно да се помириме со некој брат кој има нешто против нас. (Прочитај Матеј 5:23, 24.) Тој нагласил дека треба да бидеме во добри односи со другите ако сакаме да му угодиме на Бог. Јехова е среќен кога даваме сѐ од себе за да бидеме во мир со нашите браќа. Тој нема да го прифати она што го правиме за него ако држиме лутина и ако не сакаме да направиме ништо за да си ги средиме односите со нив (1. Јов. 4:20).

5. Зошто на Марк му било тешко да се помири со еден брат?

5 Понекогаш е тешко да се помириме со некого. Зошто? Размисли за она што му се случило на Марк.b Тој се чувствувал многу повреден од еден брат кој го критикувал пред другите и зборувал лошо за него. Како реагирал Марк? Тој вели: „Повеќе не можев да издржам и му се развикав“. Но, подоцна му било криво што постапил така, и се обидел да му се извини и да се помири со него. Братот не сакал ни да чуе. Во почетокот, Марк си рекол: „Зошто јас упорно да се трудам кога е јасно дека тој не сака да се помириме?“ Но, покраинскиот надгледник го поттикнал да не се откажува. Што направил Марк?

6. а) Што направил Марк за да се помири со братот? б) Како Марк го применил начелото од Колошаните 3:13, 14?

6 Кога искрено се преиспитал, Марк увидел дека не е доволно понизен и дека е склон да биде самоправеден. Сфатил дека мора да си го смени ставот (Кол. 3:8, 9, 12). Пак му пристапил понизно на братот и му се извинил за начинот на кој постапил со него. Освен тоа, му напишал и неколку писма во кои му кажал дека му е многу жал и дека сака да свртат нов лист. Дури неколкупати му дал и мали подароци. За жал, братот не попуштил и продолжил да му се лути. И покрај сѐ, во склад со заповедта на Исус, Марк и понатаму се трудел да покажува љубов и да простува. (Прочитај Колошаните 3:13, 14.) Дури и ако не наидеме на позитивна реакција кога се трудиме да се помириме со некого, вистинската христијанска љубов ќе ни помогне секогаш да простуваме и да се молиме сѐ да се заврши на најдобар начин (Мат. 18:21, 22; Гал. 6:9).

Слики: Една сестра се труди во повеќе наврати да покаже љубов кон една пријателка која била навредена од неа. 1. Навредената сестра не сака да одговори кога пријателката ѝ се јавува на телефон. 2. Навредената сестра одбива да земе подарок од пријателката. 3. Навредената сестра ја сослушува својата пријателка, која ја уверува дека ја сака.

Ако некој има нешто против нас, можеби ќе треба да му пристапиме на разни начини за да се помириме со него (Види во пасуси 7-8)c

7. а) На што нѐ поттикнал Исус? б) Во каква непријатна ситуација се нашла една сестра?

7 Исус нѐ поттикнал да се однесуваме со другите како што сакаме тие да се однесуваат со нас. Освен тоа, тој кажал и дека не е доволно да ги сакаме само оние што нѐ сакаат нас (Лука 6:31-33). На пример, што ако некој во собранието те избегнува и не сака да се поздрави со тебе? Ова не се случува често, но ѝ се случило на Лара. Таа објаснува: „Една сестра ме игнорираше, а воопшто не ми беше јасно зошто. Поради тоа се чувствував напнато и не ми се одеше на состанок“. Во почетокот, Лара си мислела: „Не е проблемот во мене. И други во собранието забележуваат дека е малку чудна“.

8. Што направила Лара за да си ги подобри односите со една сестра, и што учиме од она што ѝ се случило?

8 Лара презела нешто за да си ги подобри односите со сестрата. Му се молела на Јехова и решила да разговара со неа. Откако зборувале за проблемот, се прегрнале и се смириле. Изгледало дека сѐ е во ред. Лара вели: „Но, по некое време, сестрата пак почна да се однесува со мене како и пред тоа. Бев многу разочарана“. Во почетокот, Лара мислела дека ќе биде среќна само ако сестрата си го смени ставот. Но, на крајот сфатила дека, сѐ што може да стори е да продолжи да ја сака и да ѝ простува (Еф. 4:32—5:2). Таа ги имала на ум зборовите на Павле кој рекол дека љубовта „не го памти злото“ и дека „сѐ поднесува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи“ (1. Кор. 13:5, 7). Ова ѝ помогнало на Лара повторно да се чувствува спокојно. Со текот на времето, сестрата почнала да се однесува попријателски со неа. Биди уверен дека, ако се трудиш да бидеш во мир со твоите браќа и сестри, и ако продолжиш да ги сакаш, тогаш „Богот на љубовта и на мирот“ ќе биде со тебе (2. Кор. 13:11).

БИДИ НЕПРИСТРАСЕН

9. Според Дела 10:34, 35, зошто треба да бидеме непристрасни?

9 Јехова не е пристрасен. (Прочитај Дела 10:34, 35.) Кога сме непристрасни, ние го следиме неговиот пример како негови деца. Послушни сме на заповедта да го сакаме ближниот како себеси, и придонесуваме во нашето духовно семејство да владее мир (Рим. 12:9, 10; Јак. 2:8, 9).

10-11. Како една сестра успеала да се избори со своите негативни чувства?

10 На некои не им е лесно да бидат непристрасни. На пример, да видиме што ѝ се случило на една сестра која се вика Рут. Кога била тинејџерка, имала многу лошо искуство со некој што бил од друга земја. Како влијаело тоа врз неа? Рут вели: „Мразев сѐ што беше поврзано со таа земја. Мислев дека сите луѓе од таму се исти, дури и браќата и сестрите“. Како Рут успеала да ги надмине негативните чувства?

11 Таа сфатила дека треба се бори со таквото размислување. Почнала да чита искуства и извештаи за таа земја од Годишникот. Рут вели: „Се терав себеси да размислувам позитивно за луѓето од таа земја. Почнав да забележувам дека браќата и сестрите кои живеат таму ревносно му служат на Јехова. Сфатив дека и тие се дел од нашето меѓународно братство“. Постепено на Рут ѝ станало јасно дека треба да направи нешто повеќе. Таа вели: „Кога ќе сретнев браќа и сестри од таму, посебно се трудев да бидам срдечна. Разговарав со нив и така ги запознавав подобро“. Каков бил резултатот? Рут вели: „Со текот на времето, успеав да се изборам со негативните чувства“.

Во салата за состаноци, две брачни двојки се смеат додека гледаат нешто на мобилен телефон. Зад нив стојат тројца млади браќа кои си разговараат меѓу себе. Еден постар брат изгледа разочарано бидејќи никој од нив не му обрнува внимание.

Ако искрено ги сакаме сите браќа, нема да бидеме пристрасни (Види во пасуси 12-13)d

12. Каков проблем имала Сара?

12 Некои можат да бидат пристрасни без да се свесни за тоа. На пример, Сара мислела дека е непристрасна бидејќи немала предрасуди кон другите во однос на нивната раса, економска состојба или одговорности во Божјата организација. Но, таа вели: „Сфатив дека сепак сум пристрасна“. Во кој поглед? Сара потекнувала од семејство во кое повеќето имале високо образование, и сакала да се дружи со школувани луѓе. Во една прилика, дури му рекла на еден пријател: „Обично се дружам само со високообразовани браќа и сестри“. Очигледно, Сара требало да си го смени ставот. Што направила?

13. Како Сара си го сменила ставот, и што учиме од тоа?

13 Еден покраински надгледник ѝ помогнал на Сара да си го преиспита ставот. Таа раскажува: „Ме пофали за верната служба, за убавите коментари и за тоа дека добро ја познавам Библијата. А потоа ми објасни дека, освен што е добро да стекнуваме знаење, треба да развиваме и христијански особини, како што се понизност, скромност и милост“. Сара сериозно ги сфатила неговите зборови. Таа вели: „Увидов дека најважно од сѐ е да бидеме добри и да ги сакаме другите“. Ова ѝ помогнало да почне да гледа поинаку на браќата и сестрите. „Се трудев да ги видам убавите особини кои Јехова ги цени кај нив“, вели Сара. Што учиме од ова? Никогаш да не мислиме дека сме подобри од другите само затоа што можеби сме пообразовани! Ако искрено ги сакаме сите браќа, нема да бидеме пристрасни (1. Пет. 2:17).

БИДИ ГОСТОЉУБИВ

14. Според Евреите 13:16, како се чувствува Јехова кога покажуваме гостољубивост?

14 Јехова многу ја цени гостољубивоста. (Прочитај Евреите 13:16.) Тој очекува од нас како негови слуги да покажуваме гостољубивост, особено кон оние што се во немаштија (Јак. 1:27; 2:14-17). Затоа, во својата Реч, нѐ поттикнува да бидеме гостољубиви (Рим. 12:13). Кога покажуваме гостољубивост, другите можат да видат дека навистина ги сакаме, дека ни значат и дека сакаме да ни бидат пријатели. Јехова се радува кога спремно делиме со другите, сеедно дали ќе ги викнеме на кафе или на ручек, или едноставно ќе им посветиме дел од нашето време и внимание (1. Пет. 4:8-10). Но, некои работи можат да ни отежнат да бидеме гостољубиви.

Една сестра ѝ ја покажува гостинската соба на една брачна двојка која е дојдена за некој градежен проект.

„Порано не бев баш гостољубива, но си го сменив ставот и сега сум многу посреќна“ (Види во пасус 16)e

15-16. а) Зошто на некои не им е лесно да покажуваат гостољубивост? б) Што ѝ помогнало на Едит да биде гостољубива?

15 Една пречка да покажуваме гостољубивост можат да бидат нашите околности или навики од минатото. Да го разгледаме примерот на една вдовица по име Едит. Пред да ја запознае вистината, таа не сакала да има многу контакти со другите, и затоа не канела гости.

16 Но, откако станала Јеховин сведок, Едит почнала да размислува поинаку, и решила да направи нешто во тој поглед. Таа вели: „Кога се градеше нашата сала за состаноци, еден старешина ми кажа дека ќе дојде брачна двојка да помага со изградбата, и ме праша дали можат да останат кај мене две седмици. Се сетив како Јехова ја благословил вдовицата од Сарепта“ (1. Цар. 17:12-16). Едит се согласила тие да престојуваат кај неа. Дали Јехова ја благословил поради тоа? Таа објаснува: „Наместо две седмици, останаа два месеца. Додека беа кај мене, станавме многу добри пријатели“. Едит има блиски пријатели и во собранието. Сега служи како пионер и со задоволство ги кани оние со кои оди во служба да навратат кај неа на гости. Таа вели: „Многу сум среќна кога давам за другите! Но, за возврат добивам многу повеќе“ (Евр. 13:1, 2).

17. Што сфатиле Лука и жена му?

17 Иако можеби веќе покажуваме гостољубивост, може ли да го правиме тоа во уште поголема мера? На пример, Лука и неговата жена се многу гостопримливи. Тие секогаш ги канеле на гости родителите, роднините, блиските пријатели, како и покраинскиот надгледник и неговата сопруга. Но, Лука вели: „Сфативме дека ги каниме само оние што ни се блиски“. Што направиле за да бидат уште погостољубиви?

18. Што направиле Лука и жена му за да покажуваат гостољубивост во уште поголема мера?

18 Лука и жена му го смениле својот став откако размислувале за следниве зборови на Исус: „Ако ги сакате оние што ве сакаат вас, каква ви е платата?“ (Мат. 5:45-47). Тие сфатиле дека треба да го следат примерот на Јехова, кој е дарежлив кон сите. Затоа си поставиле цел да канат браќа и сестри кои порано не биле на гости кај нив. Лука вели: „Многу се радуваме на овие прилики. Сите се чувствуваме охрабрени и зајакнати“.

19. Како ќе докажеме дека сме вистински ученици на Исус, и што си решен да правиш?

19 Разгледавме како искрената љубов може да ни помогне да бидеме во мир со другите, да бидеме непристрасни и да бидеме гостољубиви. Мора да се избориме со сите негативни чувства, и да ги сакаме нашите браќа и сестри силно и од срце. Ако го правиме тоа, ќе бидеме среќни и ќе докажеме дека навистина сме ученици на Исус (Јован 13:17, 35).

КАКО МОЖЕМЕ ДА ПОКАЖЕМЕ ИСКРЕНА ЉУБОВ СО ТОА ШТО...

  • ќе се трудиме да бидеме во мир со другите?

  • ќе бидеме непристрасни?

  • ќе бидеме гостољубиви?

ПЕСНА 88 Научи ме за твоите патеки

a Исус рекол дека љубовта ќе биде главно обележје на вистинските христијани. Љубовта кон нашите браќа и сестри нѐ поттикнува да бидеме во мир со нив, да бидеме непристрасни и да бидеме гостољубиви. Ова не е секогаш лесно. Во оваа статија ќе видиме како можеме и понатаму да се сакаме еден со друг силно и од срце.

b Некои имиња во оваа статија се сменети.

c ОПИС НА СЛИКИТЕ: Една сестра се обидува да се помири со друга сестра, но во почетокот не наидува на добра реакција. Сепак, не се откажува. Продолжува да покажува љубов, и на крајот успева да се помири со сестрата.

d ОПИС НА СЛИКАТА: Еден постар брат се чувствува запоставен од другите во собранието.

e ОПИС НА СЛИКАТА: Иако една сестра во почетокот не е спремна да покаже гостољубивост, подоцна се премислува, и тоа ѝ носи голема радост.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели