ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w21 Јуни стр. 25
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Сличен материјал
  • Даноци — цена што се плаќа за едно „цивилизирано општество“?
    Разбудете се! 2004
  • „Ако сте должни данок, платете данок“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Треба ли да плаќате даноци?
    Разбудете се! 2004
  • Сѐ поголема огорченост поради даноците?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
w21 Јуни стр. 25
Исус држи еден денариј.

Дали сте знаеле?

Какви даноци морале да плаќаат луѓето во времето на Исус?

ИЗРАЕЛЦИТЕ отсекогаш давале пари за да го поддржат обожавањето на вистинскиот Бог. Но, во времето на Исус, Евреите морале да плаќаат многу даноци, и тоа им го отежнувало животот.

За да ја поддржи службата во светиот шатор, а подоцна и во храмот, секој возрасен Евреин требало да плаќа половина сикел (две драхми). Во првиот век, тој данок се користел за да се обезбедат жртви и за да се одржува храмот кој го изградил Ирод. Некои Евреи го прашале Петар каков е ставот на Исус во врска со таа работа. Малку подоцна, Исус му рекол на Петар дека не е погрешно да се плаќа тој данок. Всушност, тој му кажал да земе паричка за да го плати данокот (Мат. 17:24-27).

Божјите слуги во тоа време исто така требало да даваат десеттина од сѐ што ќе им родела земјата или од нивните приходи (3. Мој. 27:30-32; 4. Мој. 18:26-28). Верските водачи непопустливо барале да се дава десеттина од секое растение, па дури и од ситните билки како што биле „нане, копар и ким“. Исус не рекол дека е погрешно да се плаќа десеттина, туку рекол дека начинот на кој книжниците и фарисеите го применувале законот за давање десеттина го откривал нивното лицемерство (Мат. 23:23).

Но, во тоа време, Евреите требало да им плаќаат многу даноци и на Римјаните, кои владееле над нив. Еден таков данок бил данокот за поседување земјиште кој можело да се плати со пари или со производи. Луѓето требало да платат износ кој се движел помеѓу 20 и 25 отсто од она што ќе го родела земјата. Секој Евреин требало да плаќа и данок по глава од жител. Токму за овој данок фарисеите го прашале Исус. Тој покажал како треба да гледаме на плаќањето даноци кога рекол: „Вратете му го цезаревото на цезарот, а Божјето на Бог“ (Мат. 22:15-22).

Исто така, требало да се плаќа царина на стоката која влегувала или излегувала од некоја област. Тој данок се собирал на пристаништата, мостовите, раскрсниците или влезовите на градовите и пазарите.

Сите тие даноци кои морало да се плаќаат под власта на Римјаните претставувале огромен товар за луѓето. Според римскиот историчар Тацит, за време на владеењето на императорот Тибериј, кога Исус бил на Земјата, „Сирија и Јудеја молеле да им се намалат даноците бидејќи тие за нив станале преголем товар“.

Товарот бил уште потежок поради начинот на кој се собирале даноците. Оној што ќе понудел најмногу пари на аукција добивал овластување да собира данок. Но, тој потоа вработувал други да го собираат данокот, и секој од нив се обидувал да заработи пари за себе. Се чини дека Закхеј имал вработено такви собирачи на данок (Лука 19:1, 2). Сосема е разбирливо што луѓето биле гневни поради тоа и гледале со презир на оние што го собирале данокот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели