ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w21 Октомври стр. 29-31
  • 1921 — пред сто години

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1921 — пред сто години
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БЕСТРАШНИ ПРОПОВЕДНИЦИ
  • ЛИЧНО И СЕМЕЈНО ПРОУЧУВАЊЕ
  • НОВА КНИГА!
  • ШТО ПОНАТАМУ
  • Јехова нѐ благословува кога го правиме она што го бара од нас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • 1922 — пред сто години
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Одлуки што водат до среќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Наследство пренесено на седум генерации
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
w21 Октомври стр. 29-31

1921 — пред сто години

„КАКВА работа нѐ очекува во текот на оваа година?“ Ова прашање им било поставено на Истражувачите на Библијата во Стражарска кула од 1 јануари 1921 год. Како одговор, биле цитирани зборовите од Исаија 61:1, 2: „Јехова ме помаза за да им ја објавам добрата вест на кротките... да ја објавам годината на Јеховината милост и денот на одмаздата на нашиот Бог“. Ова ги потсетило на нивната задача да ја проповедаат добрата вест.

БЕСТРАШНИ ПРОПОВЕДНИЦИ

За да ја исполнат оваа задача, Истражувачите на Библијата требало да бидат храбри. Тие требало да им ја објавуваат „добрата вест на кротките“, како и „денот на одмаздата“ на злите.

Брат Џон Хоскин, кој живеел во Канада, храбро сведочел и покрај противењето. Пролетта 1921 год., тој наишол на еден методистички свештеник. Брат Хоскин го започнал разговорот велејќи: „Треба да имаме пријатен разговор во врска со Библијата. Па дури и да имаме различно мислење за некои работи, сепак разговорот може смирено да го завршиме и да се разделиме пријателски“. Но, тоа не се случило. Брат Хоскин рекол: „Разговаравме само неколку минути, кога свештеникот толку силно ја тресна вратата што помислив дека стаклото од неа ќе падне на подот“.

„Што не одиш да зборуваш со безбожниците?“, извикал свештеникот. Брат Хоскин ништо не му одговорил, но додека си заминувал, си помислил: „Само што зборував со еден таков“.

Следниот ден, кога држел проповед во црквата, свештеникот почнал да зборува лоши работи за брат Хоскин. „Тој им кажал на луѓето дека јас сум најголемиот измамник што некогаш се појавил во градот и дека треба да ме стрелаат“, рекол брат Хоскин. Но, ова не го обесхрабрило, туку продолжил да проповеда и разговарал со многу луѓе. Тој додал: „Никогаш не сум уживал во службата толку многу. Некои од луѓето дури ми велеа: ’Знаеме дека си Божји човек!‘, и беа спремни да ми дадат некои работи што ми беа потребни“.

ЛИЧНО И СЕМЕЈНО ПРОУЧУВАЊЕ

За да им се помогне на заинтересираните лица духовно да напредуваат, Истражувачите на Библијата редовно објавувале библиски прашања и одговори во списанието Златен век.a Имало библиски прашања за млади, кои родителите можеле да ги разгледуваат заедно со своите деца. Родителите требало да им ги постават тие прашања на децата и да им помогнат да ги најдат одговорите во Библијата. Некои прашања како, на пример, „Колку книги има во Библијата?“, им помагале да научат некои основни факти. А некои други како, на пример, „Дали секој вистински христијанин треба да очекува дека ќе биде прогонуван?“, ги подготвувале младите храбро да проповедаат.

Исто така, имало библиски прашања и одговори за оние кои веќе имале поголемо знаење за Библијата. Одговорите се темелеле на првиот том од книгата Студии на Светото писмо. Овие прашања им користеле на илјадници читатели, но во списанието Златен век од 21 декември 1921 год., било објавено дека вакви прашања веќе нема да се објавуваат. Зошто дошло до оваа промена?

НОВА КНИГА!

Книгата Божја харфа

Картичка со материјал за читање

Картички со прашања

Браќата што предводеле сфатиле дека е потребно интересентите да учат за библиските вистини на еден поорганизиран начин, односно тема по тема. За таа цел, во ноември 1921 год. била издадена книгата Божја харфа. Заинтересираните лица кои ќе ја земеле книгата, во исто време започнувале курс за самостојно проучување на Библијата со помош на оваа книга. Ваквото проучување им помагало да дознаат дека Божјата намера е луѓето да живеат вечно. Како течел курсот?

Кога некој ќе добиел примерок од книгата, добивал и картичка на која било отпечатено кој материјал од книгата да го прочита. Следната седмица по пошта добивал друга картичка на која имало прашања во врска со она што го прочитал. На крајот од картичката бил наведен материјалот за читање за следната седмица.

Во период од 12 седмици, интересентот секоја седмица добивал нова картичка која била испраќана од најблиското собрание. Честопати, картичките ги испраќале оние браќа и сестри кои биле постари или не можеле да одат од куќа до куќа. На пример, Ана Гарднер од Милвејл (Пенсилванија, САД) рекла: „Кога излезе книгата Божја харфа, тоа ѝ овозможи на мојата сестра Тејл, која беше инвалид, да прави повеќе во службата така што секоја седмица ги испраќаше картичките со прашања“. Кога интересентот ќе завршел со курсот, некој од собранието ќе го посетел за да му помогне и понатаму да учи за Библијата.

Тејл Гарднер во инвалидска количка

ШТО ПОНАТАМУ

На крајот од годината, брат Ратерфорд испратил писмо до сите собранија. Тој напишал дека таа година, како ниедна година претходно, се дало големо сведоштво за Царството и им се помогнало на многу луѓе да ја дознаат вистината. Потоа додал: „Нѐ чека уште многу работа. Поттикнувајте и други да ни се придружат во ова прекрасно дело“. Очигледно е дека Истражувачите на Библијата го послушале овој совет. Во 1922 год., тие бестрашно проповедале за Царството во уште поголеми размери.

Бестрашни пријатели

Истражувачите на Библијата си покажувале братска љубов така што си помагале еден на друг. Како што ќе видиме од следниов пример, тие биле пријатели кои храбро си помагале во неволја (Изр. 17:17).

Во вторник на 31 мај 1921 год., еден црнец од градот Тулса (Оклахома, САД) бил ставен во затвор под обвинение дека нападнал жена од белата раса. Веднаш потоа, повеќе од илјада белци нападнале една помала група црнци. За кратко време, конфликтот се проширил во една населба наречена Гринвуд каде што претежно живееле црнци. Биле опљачкани и запалени повеќе од 1.400 домови и продавници. Според извештаите, загинале 36 лица, но вистинската бројка можеби била околу 300. Овој конфликт подоцна бил наречен „расниот масакр во Тулса“.

Брат Ричард Хил, кој бил црнец и живеел во Гринвуд, раскажал што се случило: „Вечерта кога започнаа немирите, ние имавме состанок. По состанокот, се слушаа истрели од центарот на градот. Пукањето продолжи сѐ до касно во ноќта“. До среда наутро, 1 јуни, ситуацијата многу се влошила. „Некои луѓе дојдоа и ни кажаа дека, ако сакаме да бидеме на безбедно, подобро е веднаш да одиме во Конгресниот центар.“ Така брат Хил отишол таму заедно со својата жена и петте деца. Во Конгресниот центар на Тулса биле сместени околу 3.000 мажи и жени од црната раса. Тие биле чувани од војската, која Владата ја испратила за да се воспостави ред во градот.

Во тоа време, брат Артур Клаус, кој бил белец, донел една храбра одлука. „Кога слушнав дека разбеснетите толпи пљачкаат и палат домови во Гринвуд, решив да одам и да видам како е мојот драг пријател, брат Хил.“

Артур Клаус ја користел книгата Божја харфа за да поучува група од 14 деца

Кога пристигнал кај брат Хил, видел еден сосед, кој бил белец, со пушка во рацете. Соседот, кој исто така бил пријател на брат Хил, помислил дека Артур е еден од насилниците. „Што бараш во овој двор?“, извикал тој.

Артур раскажал: „Да не беше задоволен од мојот одговор, ќе пукаше во мене. Го уверив дека сум му пријател на брат Хил и дека многу пати сум бил кај него“. Артур и овој сосед успеале да го заштитат имотот од насилниците.

За кратко време, Артур дознал дека брат Хил со семејството се наоѓа во Конгресниот центар. На Артур му било кажано дека ниту еден црнец не може да го напушти тоа место без дозвола која требало да биде потпишана од одговорниот генерал Барет. Артур рекол: „Беше многу тешко да се стигне до генералот. Кога му кажав дека сакам да го земам ова семејство, тој ме праша: ’Дали ќе ги чуваш и ќе се грижиш за нивните потреби?‘ Се разбира дека веднаш одговорив потврдно“.

Со документот во рака, Артур побрзал во Конгресниот центар. Кога му го покажал на еден војник, тој извикал: „Па ова го има потпишано лично генералот! Знаеш ли дека ти си првиот што ќе земе некого од ова место?“, Со помош на војникот, Артур набрзо ги пронашол брат Хил и неговото семејство. Влегле во неговата кола и отишле дома.

„Сите ние како Божји слуги сме еднакви“

Артур се погрижил за безбедноста на брат Хил и неговото семејство. Поради неговата храброст и братска љубов, другите луѓе биле восхитени. Артур раскажал: „Соседот кој го чуваше имотот на семејството Хил стекна поголема почит кон Божјиот народ. Некои луѓе се заинтересираа за пораката за Царството бидејќи видоа дека меѓу нас нема расни поделби, односно дека сите ние како Божји слуги сме еднакви“.

a Во 1937 год. списанието Златен век било преименувано во Утеха, а во 1946 год. во Разбудете се!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели