ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Април стр. 31
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Сличен материјал
  • Биди лојален како Етај
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Научи ме да ја вршам твојата волја“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Потпирај се на Божјиот дух кога се справуваш со промените во животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Јехова — Избавител во библиски времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Април стр. 31

Дали сте знаеле?

Зошто во војската на цар Давид имало некои што не биле Израелци?

ВО ВОЈСКАТА на Давид, меѓу војниците кои не биле Израелци, биле Селек Амонецот, Урија Хетеецот и Итма Моавецотa (1. Лет. 11:39, 41, 46). Исто така, во војската имало и Херетејци, Фелетејци и луѓе од Гат (2. Сам. 15:18). Луѓето од Гат биле Филистејци, а се чини дека и Херетејците и Фелетејците биле во блиско сродство со Филистејците (Ис. Нав. 13:2, 3; 1. Сам. 6:17, 18; Езек. 25:16).

Зошто Давид дозволил во неговата војска да има туѓинци? Тој бил уверен дека тие му биле верни нему, а што е уште поважно, дека му биле верни на Јехова. На пример, во врска со Херетејците и Фелетејците, во еден библиски речник го пишува следново: „Тие му останале верни на Давид во најтешките моменти од неговото владеење“ (The New Interpreter’s Dic­tio­nary of the Bi­ble). Како ја покажале својата верност? Кога „сите Израелци“ го оставиле Давид за да го следат злобниот Сава, Херетејците и Фелетејците останале со Давид и му помогнале да ја задуши побуната на Сава (2. Сам. 20:1, 2, 7). Во друга прилика, Адонија, синот на цар Давид, се обидел да го преземе неговиот престол. Но, Херетејците и Фелетејците му останале верни на Давид и му помогнале да го постави Соломон за следен цар бидејќи тој бил избран од Јехова (1. Цар. 1:24-27, 38, 39).

Друг војник што не бил Израелец, а му останал верен на Давид, бил Етај од Гат. Етај и неговите 600 војници го поддржале цар Давид кога Авесалом, синот на Давид, се побунил и се обидел да ги наведе Израелците да се свртат против царот. Давид му рекол на Етај дека, бидејќи е туѓинец, не мора да се бори. Но Етај рекол: „Како што е жив Јехова и како што е жив мојот господар, царот, каде и да биде мојот господар, царот, било за смрт било за живот, таму ќе биде и твојот слуга!“ (2. Сам. 15:6, 18-21).

Етај и цар Давид радосно разговараат.

Етај му бил верен на Давид — царот кој бил помазан од Јехова

Иако биле туѓинци, Херетејците, Фелетејците и луѓето од Гат сфатиле дека Јехова е вистинскиот Бог, и имале длабока почит кон него и кон Давид како негов помазаник. Давид сигурно бил многу благодарен што имал вакви верни луѓе покрај себе!

a Божјиот закон што е запишан во 5. Мојсеева 23:3-6 забранувал во израелската заедница да бидат примени Амонци и Моавци. По сѐ изгледа, овој закон не им дозволувал на туѓинците да бидат рамноправни членови на израелската заедница, но не им забранувал да се дружат со Божјиот народ и да живеат меѓу него. Види во Увид во Писмото, том 1, стр. 95 (на англиски јазик).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели