БИБЛИСКА ФРАЗА
Дали имаш вера?
За да му угодиме на Јехова, мора да имаме вера. Но, Библијата вели дека немаат сите луѓе вера (2. Сол. 3:2). Кога апостол Павле го кажал ова, тој зборувал за „расипани и зли луѓе“ кои го прогонувале и од кои требало да биде избавен. Но она што го кажал за верата важи и за други луѓе. Некои не сакаат да ги прифатат јасните докази дека постои Бог кој создал сѐ што постои (Рим. 1:20). Други велат дека веруваат во некоја виша сила. Но, ова не е вистинска вера со која може да му се угоди на Јехова.
Треба да бидеме уверени дека Јехова постои и дека ги наградува оние што имаат силна вера (Евр. 11:6). Верата е еден од плодовите на неговиот свет дух. За да добиеме свет дух, треба во молитва да бараме од Јехова да ни го даде (Лука 11:9, 10, 13). Друг важен начин на кој можеме да го добиеме светиот дух е така што ќе ја читаме Божјата Реч која била напишана под водство на Јеховиниот свет дух. Потоа можеме да размислуваме за она што го читаме и да се трудиме да го применуваме она што го учиме. На тој начин ние му дозволуваме на Јеховиниот свет дух да влијае врз нашиот живот, а тоа ни помага да имаме вера со која можеме да му угодиме на Бог.