ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Јули стр. 14-19
  • Чувај се од искушенија!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чувај се од искушенија!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПОДРАЧЈА НА КОИ МОРА ОСОБЕНО ДА ВНИМАВАМЕ
  • КАКО ДА СЕ ЧУВАМЕ ОД ИСКУШЕНИЕ И ОД ГРЕВ
  • СЕКОГАШ ЧУВАЈ СЕ ОД ИСКУШЕНИЈА
  • КАКВИ БЛАГОСЛОВИ ЌЕ ИМАМЕ АКО СЕ ЧУВАМЕ ОД ИСКУШЕНИЕ
  • Извојувај победа над човечката слабост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Бори се со искушенијата
    Разбудете се! 2014
  • Продолжи да го следиш Исус и по крштавањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Јули стр. 14-19

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 29

ПЕСНА 121 Да развиваме самосовладување

Чувај се од искушенија!

Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение (МАТ. 26:41)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да нѐ потсети дека треба да внимаваме да не направиме грев, но и дека треба да се чуваме од чекорите кои водат до него.

1-2. а) Какво предупредување им дал Исус на своите ученици? б) Зошто учениците го напуштиле Исус? (Види ги и сликите.)

„ДУХОТ, навистина, е спремен, но телото е слабо“a (Мат. 26:41б). Со овие зборови, Исус покажал разбирање за нашата несовршена состојба. Но, неговите зборови содржат и предупредување — да се чуваме од преголема самодоверба. Само неколку часа пред Исус да ги каже овие зборови, неговите ученици самоуверено рекле дека никогаш нема да го напуштат (Мат. 26:35). Тие имале добри мотиви. Сепак, не сфатиле дека нивната решеност може брзо да ослабне кога ќе се најдат под притисок. Затоа, Исус ги предупредил: „Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение“ (Мат. 26:41а).

2 За жал, учениците не го направиле она што Исус им го кажал. Кога тој бил уапсен, дали тие останале со него или се исплашиле и побегнале? Бидејќи не биле внимателни, учениците го направиле токму она што кажале дека никогаш нема да го направат — го напуштиле Исус (Мат. 26:56).

Слики: Исус и неговите апостоли во градината Гетсиманија ноќе. 1. Исус зборува со своите апостоли. 2. Апостолите спијат. 3. Апостолите бегаат додека Исус го апсат.

Исус им рекол на своите ученици да бдеат и да се чуваат од искушение, но тие го напуштиле (види во пасуси 1-2)


3. а) За да му останеме верни на Јехова, зошто мора да се чуваме од преголема самоувереност? б) Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Не смееме да бидеме премногу самоуверени. Точно е дека ние сме решени да не дозволиме ништо да нѐ оддалечи од Јехова. Сепак, ние сме несовршени и лесно би можеле да паднеме во искушение да направиме нешто погрешно (Рим. 5:12; 7:21-23). Неочекувано, би можеле да се најдеме во околности во кои може да ни изгледа многу привлечно да направиме нешто погрешно. За да им останеме верни на Јехова и на неговиот Син, мора да го послушаме советот на Исус да се чуваме од искушението да направиме грев. Оваа статија може да ни помогне во тоа. Прво, ќе разгледаме на кои подрачја мора особено да внимаваме. Потоа, ќе видиме како да се чуваме од искушенија. На крајот, ќе видиме зошто мора секогаш да се чуваме од искушенија.

ПОДРАЧЈА НА КОИ МОРА ОСОБЕНО ДА ВНИМАВАМЕ

4-5. Зошто треба да се чуваме дури и од помали гревови?

4 Некои гревови се релативно мали, но сепак можат да ни го нарушат пријателството со Јехова. Исто така, тие можат да нѐ наведат да направиме поголеми гревови.

5 Сите ние ќе се најдеме на искушение да направиме нешто погрешно. Но, секој од нас има различни слабости, и затоа одредени работи особено ќе нѐ стават на искушение да направиме нешто погрешно. На пример, некој можеби се бори со искушение да направи сериозен грев, како што е сексуалниот неморал. Друг можеби треба да се бори со искушение да направи нешто нечисто, како што е мастурбирањето или гледањето порнографија. А некој друг можеби се бори со стравот од човек, со гордоста, со избувливиот карактер или со нешто друго. Токму затоа Јаков кажал: „Секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами“ (Јак. 1:14).

6. Во врска со што мора да сме искрени?

6 Дали знаеш кои работи ти претставуваат најголемо искушение тебе? Опасно е да се залажуваме дека немаме слабости или да си мислиме дека сме премногу силни за да паднеме на некое искушение (1. Јов. 1:8). Имај на ум дека Павле рекол дека дури и оние кои се духовно зрели можат да подлегнат на искушението ако не внимаваат (Гал. 6:1). Ние мора да сме искрени со себеси и да си признаеме на кои подрачја сме слаби (2. Кор. 13:5).

7. На што треба да обрнеме посебно внимание? Наведи пример.

7 Што треба да правиме откако ќе утврдиме кои работи ни претставуваат најголемо искушение? Треба да си ја зајакнеме способноста да им се спротивставиме на тие искушенија! Размисли за следниов пример. Во библиски времиња, најслабата точка на градските ѕидини биле портите. Поради тоа, за да се заштити градот, најмногу стражари биле поставувани на портите. Слично на ова, ние треба да обрнеме посебно внимание на оние подрачја за кои знаеме дека сме особено слаби (1. Кор. 9:27).

КАКО ДА СЕ ЧУВАМЕ ОД ИСКУШЕНИЕ И ОД ГРЕВ

8-9. Како можело младото момче, кое е опишано во Изреки поглавје 7, да избегне да направи сериозен грев? (Изреки 7:8, 9, 13, 14, 21).

8 Како може да се чуваме од искушение и од грев? Да разгледаме што можеме да научиме од младото момче за кое се зборува во Изреки поглавје 7. Младичот направил сексуален неморал со една блудница. Стих 22 ни кажува дека „веднаш“ пошол по неа, поради што може да изгледа дека тоа се случило сосема ненадејно. Но, како што гледаме од претходните стихови, момчето донело неколку немудри одлуки кои постепено воделе до тоа да направи грев.

9 Кои чекори воделе до тоа младичот да направи грев? Како прво, тој навечер поминал по улицата близу до аголот на блудницата. Потоа, чекорел кон нејзината куќа. (Прочитај Изреки 7:8, 9.) Следно, кога ја видел жената, не си отишол. Наместо тоа, дозволил таа да го бакне и ја слушал додека зборувала како принела жртва на заедништвото, можеби обидувајќи се да го наведе да мисли дека таа не е лоша личност. (Прочитај Изреки 7:13, 14, 21.) Доколку момчето ги избегнело опасностите кои воделе до гревот, ќе се заштитело од искушението и немало да направи грев.

10. Како некој денес би можел да ја направи истата грешка како младото момче?

10 Извештајот од Изреки поглавје 7 покажува што може да му се случи на кој и да било слуга на Јехова. Еден христијанин може да направи сериозен грев, а потоа да си мисли дека тоа се случило „одеднаш“. Или би можел да каже: „Едноставно, се случи“. Но, ако размисли за она што навистина се случило, веројатно ќе сфати дека донел неколку немудри одлуки кои воделе до престапот. Тој можеби се дружел со пријатели кои не го сакаат Јехова. Или можеби забавата која ја избирал, интернет-страниците кои ги посетувал или местата на кои одел не биле добри за еден христијанин. Исто така, можеби престанал да се моли, да ја чита Библијата, да оди на состаноците или да учествува во службата на проповедање. Исто како што било случај со младото момче опишано во Изреки, и тој христијанин, всушност, не направил грев „одеднаш“.

11. Од што треба да се чуваме за да не направиме грев?

11 Која е поуката за нас? Треба да се чуваме не само од гревот туку и од чекорите кои водат до грев. Токму ова го објаснил Соломон веднаш откако опишал што му се случило на младото момче. Во врска со блудницата, тој го кажал следново: „Немој да заталкаш на нејзините патеки“ (Изр. 7:25). Тој дури рекол: „Твојот пат нека биде далеку од неа и не приближувај се до вратата на нејзината куќа“ (Изр. 5:3, 8). За да се заштитиме да не направиме грев, мора да се чуваме од работите и ситуациите кои водат до него.b Ова значи дека, дури и ако општо земено нешто не е погрешно за нас како христијани, не треба да го правиме ако знаеме дека ќе нѐ доведе во искушение и ќе нѐ наведе да направиме нешто погрешно (Мат. 5:29, 30).

12. Каква цврста одлука донел Јов, и како тоа му помогнало да се чува од искушение? (Јов 31:1).

12 За да ги избегнеме ситуациите кои водат до грев, мора да бидеме цврсто решени на тоа. Токму така направил Јов. Тој склучил „сојуз со своите очи“ никогаш да не гледа со страст во други жени. (Прочитај Јов 31:1.) Тоа што цврсто се држел до својата одлука, му помогнало да не се најде во опасност да направи прељуба. И ние можеме да бидеме цврсто решени да се чуваме од сѐ што би можело да нѐ води до искушение.

13. Зошто мора да внимаваме за што размислуваме? (Види ги и сликите.)

13 Исто така, мора да внимаваме за што размислуваме (2. Мој. 20:17). Некои си мислат дека нема ништо погрешно да си фантазираат за нешто неисправно сѐ додека не го прават тоа. Но таквото размислување е погрешно. Некој што постојано размислува за некоја неисправна желба, ја разгорува таа желба. Всушност, тој си создава искушение против кое ќе треба да се бори. Се разбира, одвреме-навреме ќе ни се појават неисправни мисли. Кога тоа ќе се случи, важно е веднаш да ги отфрлиме таквите мисли и да ги замениме со исправни. Тоа ќе ни помогне да не дозволиме некоја погрешна мисла да прерасне во силна желба и така ќе се заштитиме да не направиме сериозен грев (Фил. 4:8; Кол. 3:2; Јак. 1:13-15).

Слики: 1. Еден брат гледа телевизија ноќе. 2. Тој гледа во една колешка. 3. Тој и колешката заедно пијат во еден бар.

Треба да избегнуваме сѐ што би можело да нѐ води до искушение (види во пасус 13)


14. Што друго може да ни помогне да се чуваме од искушенија?

14 Што друго можеме да правиме за да се заштитиме од искушенија? Треба да бидеме потполно уверени дека секогаш кога сме им послушни на Јеховините закони, тоа е за наше добро. Понекогаш, можеби ќе ни биде тешко да ги доведеме нашите мисли и желби во склад со она што е исправно во Јеховини очи. Но, сиот труд што ќе го вложиме навистина вреди бидејќи така ќе чувствуваме мир и ќе бидеме среќни.

15. Како тоа што ќе развиваме исправни желби ќе ни помогне да се чуваме од искушенија?

15 Треба да развиваме исправни желби. Ако научиме да го мразиме злото и да го сакаме доброто, ќе ја зајакнеме нашата решеност да го правиме она што е исправно и да ги избегнуваме ситуациите кои водат до грев (Амос 5:15). Исправните желби, исто така, ќе ни ја зајакнат решеноста да се спротивставиме на некое искушение ако неочекувано се најдеме во ситуација која не сме можеле да ја предвидиме или да ја спречиме.

16. Како можат духовните активности да ни помогнат да се чуваме од искушенија? (Види ги и сликите.)

16 Како можеме да развиваме исправни желби? Треба да бидеме колку што е можно повеќе зафатени со духовни активности. Кога сме присутни на нашите состаноци или учествуваме во службата на проповедање, си ја зајакнуваме желбата да го радуваме Јехова и не сме на искушение да направиме нешто погрешно (Мат. 28:19, 20; Евр. 10:24, 25). Кога ја читаме и ја проучуваме Божјата Реч и размислуваме за неа, тоа ни помага уште повеќе да го сакаме она што е добро и уште повеќе да го мразиме она што е лошо (Ис. Нав. 1:8; Пс. 1:2, 3; 119:97, 101). Сети се дека Исус им кажал на своите ученици: „Молете се, за да не паднете во искушение“ (Мат. 26:41). Кога одвојуваме време за да му се молиме на нашиот небесен Татко, му даваме можност да ни помогне и си ја зајакнуваме нашата решеност да го правиме она што го радува (Јак. 4:8).

Редовното учество во духовни активности ни помага да се спротивставиме на искушенијата (види во пасус 16)c


СЕКОГАШ ЧУВАЈ СЕ ОД ИСКУШЕНИЈА

17. Со која слабост Петар се борел повеќепати?

17 Голема е веројатноста дека од некои наши слабости можеме потполно да се ослободиме. Но, со некои други слабости можеби ќе треба да се бориме долго време. Размисли за апостол Петар. Поради страв од човек, тој трипати се одрекол од Исус (Мат. 26:69-75). Подоцна, се чинело дека Петар ја надминал таа слабост бидејќи храбро проповедал за Исус пред Судскиот совет (Дела 5:27-29). Но, неколку години подоцна, тој привремено престанал да јаде со христијаните кои не биле Евреи бидејќи се плашел што ќе мислат христијаните кои биле Евреи (Гал. 2:11, 12). Неговата слабост повторно излегла на површина. Можеби тој никогаш не успеал потполно да се ослободи од неа.

18. Што може да се случи со некои наши слабости?

18 Исто како Петар, понекогаш можеби ќе мора да се бориме со некоја слабост за која сме мислеле дека веќе сме ја надминале. На пример, еден брат признава: „Цели 10 години не гледав порнографија и бев уверен дека сум го надминал тој проблем. Но оваа зависност цело време се криела во мене, чекајќи го вистинскиот момент за повторно да избие на површина“. Пофално е што нашиот брат не се откажал. Тој сфатил дека ќе мора секој ден да се бори против оваа слабост — и тоа можеби до крајот на својот живот во овој злобен свет. Со помош од неговата сопруга и од собраниските старешини, тој презел построги мерки за да се спротивстави на желбата да гледа порнографија.

19. Што можеме да правиме ако имаме слабост со која сѐ уште се бориме?

19 Што можеме да правиме за да не ѝ дозволиме на некоја слабост со која сѐ уште се бориме да нѐ наведе да направиме нешто погрешно? Да го следиме советот на Исус да бдееме, односно да се чуваме од искушение. Дури и кога мислиш дека си силен, продолжи да избегнуваш ситуации кои можат да те наведат на искушение (1. Кор. 10:12). Продолжи да го правиш она што си увидел дека ти помага да се бориш со слабоста. Во Библијата пишува: „Среќен е човекот кој секогаш внимава што прави“ (Изр. 28:14, Превод Нов свет, ревидирано издание на англиски од 2013; 2. Пет. 3:14).

КАКВИ БЛАГОСЛОВИ ЌЕ ИМАМЕ АКО СЕ ЧУВАМЕ ОД ИСКУШЕНИЕ

20-21. а) Какви благослови ќе имаме ако се чуваме од искушенија? б) Ако ние го направиме нашиот дел, што ќе направи Јехова за нас? (2. Коринќаните 4:7).

20 Можеме да бидеме уверени дека вреди сиот труд што го вложуваме за да се чуваме од искушенија. Без разлика какви минливи задоволства нуди гревот, тоа што ќе живееме според Јеховините мерила ќе нѐ направи далеку посреќни (Евр. 11:25; Пс. 19:8). Тоа е така бидејќи ние сме создадени да живееме според неговите мерила (1. Мој. 1:27). Како резултат на тоа, ќе имаме чиста совест и еден ден ќе имаме можност да живееме вечно (1. Тим. 6:12; 2. Тим. 1:3; Јуда 20, 21).

21 Вистина е дека „телото е слабо“. Но, тоа не значи дека сме беспомошни. Јехова е спремен да ни ја даде потребната сила. (Прочитај 2. Коринќаните 4:7.) Забележи дека силата која ни ја дава Бог ја надминува нормалната. Но ние имаме одговорност да ја користиме нашата сопствена сила, односно да даваме сѐ од себе за секој ден да се бориме против искушенијата. Ако го направиме нашиот дел, можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе одговори на нашите молитви и ќе ни даде повеќе сила кога тоа ќе ни биде потребно (1. Кор. 10:13). Без сомнение, со Јеховина помош можеме да се чуваме од искушенија!

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • На кои подрачја треба да се чуваме од искушенија?

  • Како можеме да се чуваме од искушенија?

  • Зошто мора секогаш да се чуваме од искушенија?

ПЕСНА 47 Моли го Бог секој ден

a ПОЈАСНУВАЊЕ: „Духот“ кој е спомнат во Матеј 26:41 се однесува на нашата спремност да постапуваме исправно. „Телото“ се однесува на нашата несовршеност, односно на нашата грешна состојба. Затоа, понекогаш, иако сакаме да го правиме она што е исправно, ако не внимаваме, би можеле да им се препуштиме на нашите несовршени чувства и да го правиме она што е погрешно.

b На некој што направил сериозен грев можат да му бидат од помош информациите кои се наоѓаат во книгата Радувај му се на животот засекогаш, лекција 57, точки 1-3 и во статијата „Гледај напред кон иднината“, која излезе во Стражарска кула од ноември 2020, стр. 27-29, пас. 12-17.

c ОПИС НА СЛИКАТА: Еден брат наутро го чита дневниот стих, на паузата за ручек ја чита Библијата и навечер присуствува на состанокот Нашиот живот и служба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели