ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Март стр. 2-7
  • Не колебај се да се крстиш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не колебај се да се крстиш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • САМАРЈАНИТЕ СЕ КРСТИЛЕ
  • САВЛЕ ОД ТАРС СЕ КРСТИЛ
  • КОРНЕЛИЈ СЕ КРСТИЛ
  • КОРИНЌАНИТЕ СЕ КРСТИЛЕ
  • ТВОЈАТА ВЕРА МОЖЕ ДА ПРЕМЕСТИ ПЛАНИНИ
  • Продолжи да го следиш Исус и по крштавањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Дали си подготвен да му го заветуваш својот живот на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Март стр. 2-7

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 9

ПЕСНА 51 Се заветувавме на Бог

Не колебај се да се крстиш

Зошто се колебаш? Стани, крсти се (ДЕЛА 22:16)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да ја добиеш силата што ти е потребна да напредуваш до крштавање така што ќе го разгледаш примерот на Самарјаните, Савле од Тарс, Корнелиј и Коринќаните.

1. Кои се некои добри причини зошто да се крстиш?

ДАЛИ го сакаш Јехова Бог, оној што ти го дал секој добар дар, па дури и самиот живот? Дали сакаш да му покажеш дека го сакаш? Најдобар начин да го направиш тоа е да му го заветуваш својот живот, а потоа да се крстиш. Така ќе станеш дел од Јеховиното семејство. А како резултат на тоа, твојот Татко и пријател ќе те води и ќе се грижи за тебе бидејќи ќе му припаѓаш нему (Пс. 73:24; Иса. 43:1, 2). Заветот и крштавањето ти даваат и можност да живееш вечно (1. Пет. 3:21).

2. Што ќе разгледаме во оваа статија?

2 Дали нешто те спречува да се крстиш? Ако да, не си единствениот. Милиони други пред тебе требало да направат промени во своето однесување и во својот начин на размислување за да ги исполнат условите за крштавање. Тие сега му служат на Јехова со радост и ревност. Што можеш да научиш од некои што се крстиле во првиот век? Да разгледаме со кои пречки се соочиле и да видиме што може да научиме од нивниот пример.

САМАРЈАНИТЕ СЕ КРСТИЛЕ

3. Што можеби ги спречувало некои Самарјани да се крстат?

3 Во времето на Исус, Самарјаните припаѓале на една религиозна група чие средиште се наоѓало во близина на градот Сихем и Самарија, северно од Јудеја. Пред да можат да се крстат, Самарјаните требало да стекнат потемелно знаење за Божјата Реч. Тие ги прифаќале за вдахновени само првите пет книги од Библијата — од Прва до Петта Мојсеева — а веројатно и книгата Исус Навин. Но на темел на Божјето ветување запишано во 5. Мојсеева 18:18, 19, Самарјаните очекувале да дојде Месијата (Јован 4:25). За да можат да се крстат, требало да го прифатат Исус како ветениот Месија. „Многу Самарјани“ го направиле токму тоа (Јован 4:39). Други можеби требало да ги надминат длабоко вкоренетите предрасуди кои постоеле меѓу Самарјаните и Евреите (Лука 9:52-54).

4. Според Дела 8:5, 6, 14, како реагирале некои Самарјани на проповедањето на Филип?

4 Што им помогнало на Самарјаните да се крстат? Кога проповедникот Филип им проповедал за Христос, некои Самарјани ја прифатиле Божјата Реч. (Прочитај Дела 8:5, 6, 14.) Иако Филип бил Евреин, тие сепак го слушале. Можеби се сетиле на стиховите од Пентатеухот кои укажувале на тоа дека Бог не е пристрасен (5. Мој. 10:17-19). Како и да е, тие внимателно го слушале она што Филип го кажувал за Христос и го препознале јасниот доказ дека Филип го има Божјиот дух. Тој правел и многу чуда, на пример лекувал болни и истерувал демони (Дела 8:7).

5. Што можеш да научиш од Самарјаните?

5 Тие Самарјани можеле да дозволат предрасудите или недостатокот на знаење да ги спречи да напредуваат. Но, не дозволиле тоа да се случи. Откако се увериле дека Филип ги поучил за вистината, Самарјаните не се колебале да се крстат. Библискиот извештај вели: „Кога му поверуваа на Филип, кој ја објавуваше добрата вест за Божјето царство и за името на Исус Христос, се крштаваа и мажи и жени“ (Дела 8:12). Дали си уверен дека вистината се наоѓа во Божјата Реч? Дали си уверен дека Јеховините сведоци ги надминале предрасудите и дека даваат сѐ од себе да покажуваат искрена љубов еден кон друг — знакот по кој се препознаваат вистинските христијани? (Јован 13:35). Тогаш, решително преземи ги потребните чекори и биди уверен дека Јехова ќе те благослови.

6. Како може да ти користи примерот на Рубен?

6 Рубен, од Германија, пораснал во семејство на Сведоци. Но, како млад, се сомневал дека Јехова постои. Како ги надминал своите сомнежи? Сфатил дека нема доволно знаење, и решил да направи нешто во врска со тоа. Тој рекол: „Во моето лично проучување требаше да се соочам со сомнежите. Морав неколкупати да проучувам за еволуцијата“. Ја прочитал книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Таа публикација имала големо влијание врз Рубен. Си помислил: „Јехова навистина постои!“ А за време на посетата на главното седиште, Рубен уште повеќе почнал да го цени нашето обединето меѓународно братство. Рубен се вратил во Германија, и на 17 години се крстил. Ако имаш сомнежи во врска со нешто што си го научил, соочи се со нив така што ќе истражуваш во нашите публикации. Сомнежите може да ги надминеш така што ќе стекнеш точно знаење (Еф. 4:13, 14). И кога ќе слушаш искуства за љубовта и единството меѓу Јеховиниот народ во други делови од светот, а ќе го забележиш тоа и во твоето собрание, ќе имаш сѐ поголемо ценење за нашето меѓународно братство.

САВЛЕ ОД ТАРС СЕ КРСТИЛ

7. Кое гледиште Савле требало да го исправи?

7 Размисли за примерот на Савле од Тарс. Тој добро напредувал во Јудаизмот и станувал сѐ поугледен меѓу Евреите (Гал. 1:13, 14; Фил. 3:5). Савле сурово ги прогонувал христијаните во време кога многу Евреи ги сметале за отпадници. Тој имал погрешно гледиште дека така ја врши Божјата волја (Дела 8:3; 9:1, 2; 26:9-11). За да го прифати Исус и да се крсти како христијанин, Савле требало самиот да биде спремен да стане мета на прогонство.

8. а) Што му помогнало на Савле да се крсти? б) Според Дела 22:12-16, како Ананија му помогнал на Савле? (Види ја и сликата.)

8 Што му помогнало на Савле да се крсти? Кога прославениот Господар Исус му се појавил, Савле ослепил (Дела 9:3-9). Три дена ништо не јадел и не пиел и без сомнение размислувал за она што му се случило. Савле се уверил дека Исус е Месијата и дека неговите следбеници ја имаат вистинската религија. На Савле мора да му било многу тешко што учествувал во погубувањето на Стефан! (Дела 22:20). На крајот од трите дена, еден ученик по име Ананија љубезно му пристапил на Савле, му го вратил видот и го поттикнал веднаш да се крсти. (Прочитај Дела 22:12-16.) Савле понизно ја прифатил помошта и започнал нов начин на живот (Дела 9:17, 18).

Савле влегува во вода за да се крсти. Неколкумина радосно го гледаат.

Дали и ти, како Савле, ќе го прифатиш поттикот да се крстиш? (види во пасус 8)


9. Што можеш да научиш од Савле?

9 Можеме да извлечеме поуки од примерот на Савле. Тој можел да дозволи гордоста или стравот од човек да го спречи да се крсти. Но не дозволил да се случи тоа. Кога ја прифатил вистината за Христос, Савле понизно направил промени во својот живот (Дела 26:14, 19). Савле бил спремен да стане христијанин иако знаел дека ќе биде прогонуван (Дела 9:15, 16; 20:22, 23). По крштавањето, продолжил да се потпира на Јехова за да истрае во разни неволји (2. Кор. 4:7-10). Кога ќе се крстиш како Јеховин сведок, можеби ќе се соочиш со испити на верата или неволји, но нема да бидеш препуштен сам на себе. Можеш да бидеш уверен дека Бог и Христос секогаш ќе бидат со тебе (Фил. 4:13).

10. Како може да ти користи примерот на Ана?

10 Ана пораснала во едно курдско семејство во источна Европа. Откако мајка ѝ се крстила, Ана почнала да ја проучува Библијата со одобрување од татко ѝ. Тогаш имала 9 години. Но тоа довело до проблеми со нејзините роднини кои живееле заедно со семејството на Ана. Роднините сметале дека е голем срам некој да ја напушти религијата на предците. Кога имала 12 години, Ана побарала дозвола од татко ѝ да се крсти. Тој сакал да знае дали е тоа нејзина лична одлука или некој ја присилува на тоа. Таа му рекла: „Го сакам Јехова“. Татко ѝ ѝ дозволил да се крсти. Роднините и понатаму ја исмевале и ја малтретирале Ана. Еден од нив ѝ рекол: „Подобро би било да живееш неморално и да пушиш отколку да бидеш Јеховин сведок“. Како Ана се справила со тоа? Таа рекла: „Јехова ми помогна да бидам цврста, а и мајка ми и татко ми ми беа голема поддршка“. Ана ги запишува приликите во кои ја почувствувала Јеховината рака во својот живот. Одвреме-навреме се навраќа на она што го запишала за да не заборави како Јехова ѝ помогнал. Ако се плашиш од противење, имај на ум дека Јехова ќе ти помага и тебе (Евр. 13:6).

КОРНЕЛИЈ СЕ КРСТИЛ

11. Во какви околности се наоѓал Корнелиј?

11 Во Библијата е запишан и примерот на Корнелиј. Тој бил стотник, односно заповедник на околу 100 римски војници (Дела 10:1). Поради тоа, можеби имал значаен статус во општеството и во војската. За него Библијата вели: „Великодушно му даваше милостина на народот“ (Дела 10:2). Јехова го испратил апостол Петар да му ја објави добрата вест. Дали поради својата положба Корнелиј се колебал да се крсти?

12. Што му помогнало на Корнелиј да се крсти?

12 Што му помогнало на Корнелиј да се крсти? Во Библијата за него пишува: „Се боеше од Бог, како и сите во неговиот дом... И непрестајно му упатуваше сесрдни молитви на Бог“ (Дела 10:2). Кога Петар им ја објавил добрата вест, Корнелиј и неговото семејство го прифатиле Христос и веднаш се крстиле (Дела 10:47, 48). Без сомнение, Корнелиј бил спремен да ја направи секоја промена што била потребна за да може да го обожава Јехова заедно со своето семејство (Ис. Нав. 24:15; Дела 10:24, 33).

13. Што можеш да научиш од Корнелиј?

13 Како Савле, и Корнелиј можел да дозволи неговата положба да го спречи да стане христијанин. Но не дозволил да се случи тоа. Дали треба да направиш големи промени во твојот живот за да ја прифатиш вистината? Ако да, Јехова ќе ти помага. Тој ќе ја благослови твојата решеност да му служиш во склад со библиските начела.

14. Како може да ти користи примерот на Цујоши?

14 Цујоши, од Јапонија, требало да направи промени во своето вработување за да ги исполни условите за крштавање. Тој бил асистент на директорот на школата Икенобо за аранжирање на цвеќе. Кога директорот не можел да оди на погреби, Цујоши честопати го заменувал во будистички ритуали. Но, кога Цујоши ја дознал вистината за смртта, тоа што присуствувал на тие ритуали го спречувало да се крсти. Тој одлучил повеќе да не учествува во нив (2. Кор. 6:15, 16). Цујоши разговарал со директорот во врска со тоа. Кој бил резултатот? Цујоши можел да си ја задржи работата без да мора да учествува во ритуалите. Една година откако почнал да ја проучува Библијата, се крстил.a Ако треба да направиш промени во своето вработување за да му угодиш на Бог, биди уверен дека тој ќе ви го обезбеди она што ви е потребно тебе и на твоето семејство (Пс. 127:2; Мат. 6:33).

КОРИНЌАНИТЕ СЕ КРСТИЛЕ

15. Што ги спречувало Коринќаните да се крстат?

15 Древниот Коринт бил познат по материјализмот и моралната расипаност на неговите жители. Многумина воделе начин на живот кој Бог не го одобрува. Очигледно, било вистински предизвик за некој да ја прифати добрата вест во една таква средина. Сепак, кога апостол Павле дошол во тој град и ја проповедал добрата вест за Христос, многу Коринќани кои слушале, поверувале и се крстиле (Дела 18:7-11). Потоа, Господарот Исус Христос му се појавил на Павле во видение и рекол: „Имам многу народ во овој град“. Така Павле продолжил да проповеда таму една и пол година.

16. Што им помогнало на некои во Коринт да го надминат она што ги спречувало да се крстат? (2. Коринќаните 10:4, 5).

16 Што им помогнало на Коринќаните да се крстат? (Прочитај 2. Коринќаните 10:4, 5.) Божјата Реч и Божјиот моќен свет дух им помогнале да направат драстични промени во својот живот (Евр. 4:12). Оние во Коринт кои ја прифатиле добрата вест за Христос успеале да остават навики и постапки, како опивање, крадење и хомосексуалност (1. Кор. 6:9-11).b

17. Што можеш да научиш од Коринќаните?

17 Иако некои во Коринт требало да надминат длабоко вкоренети навики, тие не заклучиле дека за нив ќе биде претешко да станат христијани. Тие вложиле голем труд да застанат на тесниот пат што води до вечен живот (Мат. 7:13, 14). Дали ти е тешко да искорениш некоја лоша навика или да престанеш да правиш нешто што е погрешно за да можеш да се крстиш? Никогаш не се откажувај! Моли го Јехова да ти даде свет дух кој ќе ти помогне да се спротивставиш на желбата да го правиш она што е погрешно.

18. Како може да ти користи примерот на Моника?

18 Моника, од Грузија, вложила голем труд да престане да користи погрден говор и да ја отфрли недоличната забава за да напредува кон крштавање. Таа вели: „Додека бев во тинејџерските години, молитвата ми даваше сила. Јехова знаеше дека сакам да го правам она што е исправно и секогаш ми помагаше и ме водеше“. Моника се крстила на 16 години. Дали треба да престанеш со некои постапки за да му служиш на Јехова на прифатлив начин? И понатаму барај од него сила за да правиш промени. Јехова великодушно дава од својот свет дух (Јован 3:34).

ТВОЈАТА ВЕРА МОЖЕ ДА ПРЕМЕСТИ ПЛАНИНИ

19. Што може да ти помогне да надминеш пречки големи како планини? (Види ја и сликата.)

19 Биди сигурен дека Јехова те сака и сака да бидеш дел од неговото семејство. Тоа е така без разлика кои работи те спречуваат да се крстиш. На една група свои ученици, Исус им рекол: „Ако вашата вера е голема само колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ’Премести се одовде таму‘, и ќе се премести. И ништо нема да ви биде невозможно“ (Мат. 17:20). Оние што го слушнале ова биле со Исус само неколку години, и нивната вера сѐ уште растела. Но Исус ги уверил дека, ако развијат доволно вера, Јехова ќе им помогне да надминат пречки големи како планини. Со помош од Јехова, и ти ќе го направиш истото!

Една група браќа и сестри на конгрес радосно аплаудираат додека поминуваат оние кои штотуку се крстиле.

Биди сигурен дека Јехова те сака и сака да бидеш дел од неговото семејство (види во пасус 19)c


20. На што те поттикнаа примерите од минатото и од наше време спомнати во оваа статија?

20 Ако увидиш кои работи те спречуваат да се крстиш, веднаш преземи нешто за да ги отстраниш. Црпи утеха и сила од примерот на христијаните од минатото и од наше време. Нивниот пример нека те охрабри и поттикне да му го заветуваш својот живот на Јехова и да се крстиш. Тоа е најдобрата одлука што можеш да ја донесеш!

ШТО НАУЧИ ОД СЛЕДНИВЕ ПРИМЕРИ ОД МИНАТОТО ЗА ТОА КАКО ДА ГО НАДМИНЕШ ОНА ШТО ТЕ СПРЕЧУВА ДА СЕ КРСТИШ?

  • Самарјаните

  • Савле од Тарс и Корнелиј

  • Коринќаните

ПЕСНА 38 Тој ќе те зајакне

a Животната приказна на брат Цујоши Фуџи излезе во Разбудете се! од 8 октомври 2005, стр. 20-23.

b На jw.org гледај го видеоклипот Зошто го одолговлекуваш своето крштавање?

c ОПИС НА СЛИКАТА: Група браќа и сестри срдечно ги пречекуваат оние кои штотуку се крстиле.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели