ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 72
  • Дали е сѐ уште важно што е вистина?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е сѐ уште важно што е вистина?
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали воопшто постои вистина?
  • Како да ја најдеш вистината?
  • Кој ја измислил лагата?
  • Зошто лагата е толку раширена денес?
  • Зошто е важна вистината?
  • Зошто Бог сака да ја запознаам вистината?
  • Дали Бог некогаш ќе ја отстрани лагата?
  • Да го имитираме Богот на вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Христијаните обожаваат со дух и со вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Зошто да се бара вистината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Разно
mrt статија 72
Еден политичар им ги подгрева чувствата на голема група луѓе на еден митинг.

Дали е сѐ уште важно што е вистина?

Дали ти се чини дека разликата меѓу вистината и лагата станала многу нејасна? Изгледа дека денес луѓето се водат според чувства и лични верувања, а не според вистина и факти. На пример, од неодамна стана многу популарен зборот кој беше измислен за да го опише тоа — „пост-вистина“, односно извртена вистина.a Овој збор многу добро го опишува светот денес, во кој многумина веруваат дека вистина не постои.

Ваквото гледиште не е ништо ново. Пред околу 2.000 години, римскиот управител Понтиј Пилат цинично го прашал Исус: „Што е вистина?“ (Јован 18:38). Иако Пилат не чекал Исус да му одговори, неговото прашање е многу важно. Одговорот што го дава Библијата на тоа прашање може да ти помогне да правиш разлика меѓу вистината и лагата.

Дали воопшто постои вистина?

Да. Во Библијата зборот „вистина“ се користи за да се укаже на нешто што се темели на факти и на она што е исправно во морален поглед. Таа ни открива дека Јеховаb Бог е Изворот на апсолутната вистина и го нарекува Бог на вистината (Псалм 31:5). Библијата ја содржи вистината од Бог, и ја споредува со светлина која може да нѐ води низ овој хаотичен свет (Псалм 43:3; Јован 17:17).

Како да ја најдеш вистината?

Бог не сака само слепо да ја прифатиме вистината од Библијата. Наместо тоа, тој нѐ поттикнува да ја испитаме користејќи го нашиот разум, а не нашите чувства (Римјаните 12:1). Тој сака да го запознаеме и да го сакаме „со сиот свој ум“ и нѐ поттикнува да се увериме во вистината што сме ја научиле од Библијата (Матеј 22:37, 38; Дела 17:11).

Кој ја измислил лагата?

Библијата кажува дека лагата ја измислил непријателот на Бог, Сатана Ѓаволот, кој е наречен и „татко на лагата“ (Јован 8:44). Тој ги излажал првите луѓе во врска со Бог (1. Мојсеева 3:1-6, 13, 17-19; 5:5). Оттогаш, Сатана продолжил да шири лаги и да ја крие вистината за Бог (Откровение 12:9).

Зошто лагата е толку раширена денес?

Во нашето време, кое Библијата го нарекува „последните денови“, Сатана сѐ повеќе ги заведува луѓето. Тие многу често лажат за да ги наведат другите на погрешен заклучок и да ги искористат (2. Тимотеј 3:1, 13). Денес, лагите се вообичаени и во повеќето религии. За времето во кое живееме, Библијата прорекла дека луѓето „ќе си насоберат учители, кои ќе им го зборуваат она што им годи на ушите“ и „ќе ги одвратат ушите од вистината“ (2. Тимотеј 4:3, 4).

Еден верски водач со Библија во рака зборува пред публика која му аплаудира.

Зошто е важна вистината?

Вистината е темелот за доверба меѓу луѓето. Без доверба, пропаѓаат пријателства и заедници. Според Библијата, Бог сака нашето обожавање да се темели на вистина. Во неа пишува: „Оние што го почитуваат [Бог] мора да му оддаваат почит со дух и со вистина“ (Јован 4:24). За да дознаеш како вистината од Библијата може да ти помогне да ги препознаеш религиозните лаги и да се ослободиш од нив, прочитај ја серијата статии со наслов „Лаги што го оцрнуваат Бог“.

Зошто Бог сака да ја запознаам вистината?

Бог сака да живееш засекогаш, а за тоа е потребно да ја запознаеш вистината за него (1. Тимотеј 2:4). Ако ги запознаеш Божјите мерила за исправно и погрешно, и живееш според нив, ќе станеш близок пријател со него (Псалм 15:1, 2). За да им помогне на луѓето да ја дознаат вистината, Бог го испратил Исус на Земјата. Бог сака да ги слушаме учењата на Исус (Матеј 17:5; Јован 18:37).

Дали Бог некогаш ќе ја отстрани лагата?

Да. Бог мрази кога луѓето со измама ги искористуваат другите. Тој ветил дека ќе ја исчисти Земјата од оние што упорно продолжуваат да лажат (Псалм 5:6). Тогаш, ќе го исполни и своето ветување: „Вистинољубивите усни ќе постојат засекогаш“ (Изреки 12:19).

Библиски стихови во врска со вистината и лагата

Јован 8:44: „[Ѓаволот] е лажливец и татко на лагата“.

Што значи тоа: Сатана Ѓаволот ја кажал првата лага и тој е извор на сите лаги.

Изреки 12:22: „Лажливите усни му се одвратни на Јехова“.

Што значи тоа: Оние што го сакаат Бог треба да ја мразат лагата исто како што ја мрази и тој.

Јован 4:24: „Оние што го почитуваат [Бог] мора да му оддаваат почит со дух и со вистина“.

Што значи тоа: Бог сака да го обожаваме во склад со вистината за него.

Јован 8:32: „Вистината ќе ве ослободи“.

Што значи тоа: Вистината за која поучувал Исус може да нѐ ослободи од незнаење, суеверие, религиозни лаги и други работи. Види ја статијата „’Вистината ќе ве ослободи‘ — како?“

1. Тимотеј 2:4: „[Бог] сака најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“.

Што значи тоа: Бог сака да бидеме спасени со тоа што ќе ја запознаеме вистината за него.

a Оксфордските речници го прогласија зборот „пост-вистина“ за збор на годината за 2016.

b Јехова е името на Бог (Псалм 83:18). Види ја статијата „Кој е Јехова?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели