panitan/stock.adobe.com
Исус ќе стави крај на сиромаштијата
Кога бил на Земјата, Исус покажал дека многу ги сака луѓето, особено сиромашните и оние кои биле во неволја (Матеј 9:36). Тој дури и го жртвувал својот живот во корист на другите (Матеј 20:28; Јован 15:13). Наскоро, тој повторно ќе ја покаже својата љубов кон луѓето така што ќе ги употреби авторитетот и моќта како Цар на Божјето Царство за да стави крај на сиромаштијата низ целиот свет.
Со поетски зборови, Библијата опишува што ќе направи Исус:
„Нека им суди на страдалниците од народот, нека ги спаси синовите на сиромавиот“ (Псалм 72:4).
Како да покажеме благодарност за сето она што Исус веќе го направил и наскоро ќе го направи за нас? Еден начин е така што ќе дознаеме нешто повеќе за пораката што тој ја проповедал — „добрата вест за Божјето царство“ (Лука 4:43). Прочитај ја статијата „Што е Божјето Царство?“