ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 22
  • Што е Божјето Царство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Божјето Царство?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Вистината за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Што е Божјето Царство?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Земјата ќе стане Рај!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Божјето Царство
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 22
Исус Христос е востоличен како цар на Божјето Царство

Што е Божјето Царство?

Што вели Библијата:

Божјето Царство е влада што ја воспоставил Јехова Бог. Во Библијата, „Божјето Царство“ е наречено и ,небесно царство‘ бидејќи владее од небото (Марко 1:14, 15; Матеј 4:17). Иако има некои сличности со човечките влади, Божјето Царство во секој поглед е подобро од нив.

  • Владетели. Бог го поставил Исус Христос за Цар на тоа Царство и му дал поголема власт од власта што би можел да ја има кој и да било човек (Матеј 28:18). Додека бил на Земјата, Исус покажал дека е сочувствителен и дека луѓето му се многу важни. Затоа можеме да бидеме уверени дека неговото владеење засекогаш ќе биде за наше добро (Матеј 4:23; Марко 1:40, 41; 6:31-34; Лука 7:11-17). Под Божје водство, Исус избрал лица од сите народи што „ќе царуваат над земјата“ (Откровение 5:9, 10).

  • Колку долго ќе владее. За разлика од човечките влади кои постојано се менуваат, Божјето Царство „нема никогаш да пропадне“ (Даниел 2:44).

  • Поданици. Секој што живее според Божјите закони и мерила може да биде поданик на Божјето Царство, без оглед на своето потекло и место на раѓање (Дела 10:34, 35).

  • Закони. Законите кон кои поданиците на Божјето Царство треба да се придржуваат не се сведуваат само на наредби и забрани. Тие им помагаат на Божјите слуги да станат подобри личности. На пример, во Библијата пишува: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘. Тоа е најголемата и прва заповед. Втората, слична на неа, е оваа: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘“ (Матеј 22:37-39). Љубовта кон Бог и кон ближниот ги мотивира поданиците на Божјето Царство да им прават добро на другите.

  • Образование. Бидејќи од поданиците на Божјето Царство се очекува да живеат според високите морални мерила запишани во Божјата Реч, Библијата, тие се поучуваат како да ги применат тие мерила во секојдневниот живот (Исаија 48:17, 18).

  • Што ќе постигне. Владетелите на Божјето Царство нема да се збогатат на сметка на своите поданици. Наместо тоа, најважно им е да ја вршат Божјата волја. Под власта на ова Царство, Земјата ќе стане рај, а луѓето кои го сакаат Бог ќе живеат вечно (Исаија 35:1, 5, 6; Матеј 6:10; Откровение 21:1-4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели