ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwfq статија 23
  • Зошто Јеховините сведоци не одат во војна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Јеховините сведоци не одат во војна?
  • Најчесто поставувани прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Придонес за општеството
  • „Тие не се дел од светот“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Можно ли е да ги сакаш непријателите?
    Разбудете се! 2009
  • Зошто Јеховините сведоци не одат во војна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • ,Тие не се дел од светот‘
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
Повеќе
Најчесто поставувани прашања
ijwfq статија 23
Војници во маскирни униформи пукаат во една битка.

Зошто Јеховините сведоци не одат во војна?

Јеховините сведоци не одат во војна од следниве причини:

  1. Од послушност кон Бог. Во Библијата пишува дека Божјите слуги „ќе ги прековаат своите мечеви во плугови“ и „повеќе нема да учат да војуваат“ (Исаија 2:4).

  2. Од послушност кон Исус. Тој му рекол на апостол Петар: „Врати го својот меч на неговото место, зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат“ (Матеј 26:52). Со овие зборови Исус покажал дека неговите следбеници не треба да земат оружје в рака.

    Учениците на Исус ја слушаат заповедта што тој им ја дал — да не бидат „дел од светот“, и поради тоа се политички неутрални во секој поглед (Јован 17:16). Тие не учествуваат во протести против воени акции ниту, пак, им се мешаат во одлуката на оние што сакаат да одат во војна.

  3. Од љубов кон другите. Исус им рекол на своите ученици: „Сакајте се еден со друг“ (Јован 13:34, 35). Вистинските христијани се обединети низ целиот свет и се сакаат како браќа и сестри, затоа никогаш не би војувале едни против други (1. Јованово 3:10-12).

  4. Го следат примерот на првите христијани. Во една енциклопедија пишува: „Првите следбеници на Исус одбивале да војуваат и да служат војска“. За нив тоа било „спротивно на љубовта за која поучувал Исус и на заповедта да ги сакаат своите непријатели“ (Encyclopedia of Religion and War). И еден германски теолог, Петер Мајнхолд, за првите христијани рекол: „Било незамисливо некој да биде и христијанин и војник“.

Придонес за општеството

Јеховините сведоци се корисни членови на општеството и не претставуваат никаква закана за јавниот ред и мир во земјата во која живеат. Ние ги почитуваме властите затоа што во Библијата пишува:

  • „Секој човек нека им биде подложен на властите што се над него“ (Римјаните 13:1).

  • „Вратете му го цезаревото на цезарот, а Божјето на Бог“ (Матеј 22:21).

Поради ова, ние сме послушни на законите, ги плаќаме даноците и соработуваме со властите во нивните напори за општото добро на сите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели