Дали Јеховините сведоци веруваат во креационизам?
Не. Ние, Јеховините сведоци, веруваме дека Бог создал сѐ. Но, не се согласуваме со учењето за креационизам. Зошто? Бидејќи многу од идеите на креационизмот не се во согласност со Библијата. Да ги разгледаме следниве два примера:
Колку траеле шесте дена на создавањето. Некои креационисти тврдат дека шесте дена на создавањето биле дословни денови од по 24 часа. Но, зборот „ден“ во Библијата може да се однесува на прилично долг временски период (1. Мојсеева 2:4; Псалм 90:4).
Колку е стара Земјата. Некои креационисти поучуваат дека Земјата постои само неколку илјади години. Но, Библијата покажува дека Земјата и универзумот постоеле пред да започнат шесте дена на создавање (1. Мојсеева 1:1). Од таа причина, ние не ги оспоруваме веродостојните научни истражувања кои укажуваат на тоа дека Земјата можеби е стара милијарди години.
Иако веруваме во создавање, ние не сме против науката. Ние веруваме дека науката која се темели на факти и Библијата не си противречат.